Франц Антоан (23 февруари 1815 година во Виена –11 март 1886) —австриски хортикултурист и градинар.
Од 1865 година бил директор на кралските градини во австриската/австроунгарската монархија. Тој бил авторитет за ботаничкото семејство Bromeliaceae, а бил и страствен фотограф. Неговите фотографии од мртва природа, растенија и сцени од Виена биле презентирани на изложби во Виена (1864,1873) и Париз (1867). Меѓу неговите пишани дела биле и следниве:
Четинари, (1840-1847). Зимска градина во царската палата Хофбург во Виена, (1852). Четинари на Киликскиот Таур – со Теодор Кочи, (1855). Фито-иконографија на бромелиите,(1884).
Неговиот татко, Франц Антоан Постариот (1768-1834), исто така бил градинар на австриското кралско семејство, со градинарска резиденција.родното место на помладиот Франц во Парадеисгартл градина, сега дел од Фолксгартен, Виена.
Наводи
Категорија:Починати во 1886 година Категорија:Родени во 1815 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Австриски ботаничари