„Перуника“ — стихозбирка на македонскиот поет Матеја Матевски, првобитно објавена во 1976 година од издавачката куќа Мисла. Книгата им е посветена на родителите на поетот, мајката Амалија и таткото Стојан.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 109. Насловот на збирката и на истоимената песна се однесуваат на карпата Перуника која се наоѓа над селото Беличица.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 119.
Содржина Збирката содржи 32 песни, групирани во пет циклуси:Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 107-155. Камења: „Камења I“, „Камења II“ и „Камења III“. Перуника: „Перуника (навраќање во Река)“, „Поле“, „Љубов“, „Привсенување“, „Пролетна“, „Планина“, „Несоници“, „Оддалечување“, „Пир“, „Месечина“, „Драга“, „Снег“, „Глас“, „Враќање“, „Студ“, „Далечни гласови“, „Копнежи“ и „Пристигање“. Обраќање до предокот: „Обраќање до предокот“, „Населби“, „Судбина“, „Осами“, „Заминување на предокот“ и „Без наслов“. Кога одевме во Стамбол: „Кога одевме во Стамбол“ и „Мајстори“. Корење: „Корење I“, „Корење II“ и „Корење III“,
Наводи
Категорија:Дела на Матеја Матевски Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 1976 година Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Македонски дела од 1976 година Категорија:Појавено во 1976 година во Македонија