мини|Македонската кула и минарето на џамијата Уч Шерефели во позадината, 2018 г. мини|Македонската кула (во средина) по нејзината пренамена во саат-кула во 1920-тите. Македонска кула ( или ) — стара градба во градот Одрин, Источна Тракија, Турција. Била една од четирите кули на градските ѕидини на антички Адријанопол. Смета дека името се должи на фактот што кулата имала поглед кон Македонија. Нејзините најстари градежни елементи датираат од римско време. Долго време била највисоката градба во Одрин. Сместена е во стариот дел на градот, близу замијата Уч Шерефели, Старата џамија и Селимовата џамија.

Во 1867 г. управникот Изет-паша ставил дрвени подови и француски часовници, па тогаш го добила името Македонска саат-кула ().

Во 1894 г. е извршено обновување на кулата, која тогаш веќе била пропадната, користејќи ги постоечките камења и цигли. Оваа саат-кула била кружна и завршена со мала купола. Часовниците биле поставени во округли ниши на сите четири страни. Поради нејзината неокласична архитектура, таа се разликувала по изглед од другите османлиски саат-кули. Бидејќи била висока 48 метри, таа служела и како противпожарна кула. За време на Првата светска војна во неа биле сместени италијански војници, кои украле многу нејзини делови. Во 1926 г. е поставен нов часовник.

Меѓутоа, оваа кула претрпела големо оштетување во земјотресот од 1953 г. и нејзините ѕидови испукале. Три ката биле минирани и урнати од градоначалникот Сабахатин Парсој на 6 јули 1953 г. под образложение дека ја нагрдува градската силуета.

Музејот на градот Одрин извршил археолошки ископувања во 2004 г. Тогаш се откриени темелите на римска тврдина под и околу градските ѕидини и бастионот. Зачуваниот тврдински бедем е од делкан камен, и со висина од 3-4 м.

На 31 мај 2017 г. кулата е прогласена за споменик на културата под бр. 1468 со одлука на Заводот за културно и природно наследство на Одрин.

Во 2021 г. е отпочната реставрирација на кулата. Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Одрин Категорија:Згради и градби во Одрин Категорија:Кули во Турција Категорија:Саат-кули во Турција Категорија:Културно наследство на Турција