Џорџ Херман Рут Помладиот (), попознат како Бејб Рут — американски бејзболист што настапувал 22 сезони во Главната бејзболска лига од 1914 до 1935 г. Иако кариерата ја започнал како фрлач во „Бостон ред сокс“, најголема слава стекнал како аутфилдер во „Њујорк јанкис“.

Рут (познат по прекарите „Бамбино“ и „Султан на Ударот“) поставил многу рекорди во МЛБ во категориите на удирање (и неколку во фрлање), вклучувајќи го и тогашниот рекорд за најмногу хоум-ранови во кариерата (714). Тој бил еден од првите пет бејзболисти што биле примени во Националната бејзболска сала на славните во 1936 г.

Во 2018 г., претседателот Доналд Трамп посмртно го одликувал со Претседателски медал на слободата.

Кариера Бејб Рут настапувал во Главната бејзболска лига вкупно 22 сезони, од 1914 до 1935 г. Во текот на својата кариера играл за три екипи: „Бостон ред сокс“, „Њујорк јанкис“ и „Бостон брејвс“. Во „Ред сокс“ играл како фрлач до 1919 г., кога клубот го продал на „Јанкис“, каде што се преквалификувал во десен филдер. Речиси целата понатамошна кариера на Рут е поврзана со „Јанкис“, додека својата последна сезона во 1936 г. ја поминал во „Брејвс“. Веќе следната, 1936 г., бил примен во Националната бејзболска сала на славните.

Во текот на својата кариера, Бејб Рут поставил неколку рекорди. Во неговиот актив има 714 хоум-рана, имал рекорден просечен показател на моќност од 0,690, како удирач заработил 2213 бода и 2062 пати стигнал до базите. Тој бил еден од клучните фактори што на почетокот на 1920-тите ја промениле играта од „мртва“ во „жива“ игра. Следејќи го неговиот пример, бејзболистите почнале да удираат посмело, со голем замав, стремејќи се кон хоум-ран, што придонело за зголемување на резултативноста. Во 1927 г., Бејб Рут постигнал 60 хоум-рана во една сезона, резултат што долго време останал рекорден.

Како дел од клубот на „Јанкис“, Бејб Рут 11 пати бил првак во сезоната и 4 пати ја освоил Светската серија.

Наводи

Надворешни врски Матична страница

Категорија:Родени во 1895 година Категорија:Починати во 1948 година Категорија:Родени на 6 февруари Категорија:Починати на 16 август Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата Категорија:Американски бејзболисти