Покраински комитет на Македонија () — огранок на Комунистичката партија на Југославија во Вардарска Македонија. Главно раководително тело за време на почетокот и развој на Народноослободителното движење во Македонија. Во 1941 година, Методија Шаторов-Шарло го промени името во Работничка партија на Македонија и се обидол да ја припои со Бугарската комунистичка партија. Во 1943 година, ПК бил укинат и останатите членови се приклучиле во новосоздадената Комунистичка партија на Македонија.
Историјат
Вовед После Првата светска војна, во 1919 година била основана Комунистичката партија на Југославија. После неколку години, организацијата се проширила во сите краишта на Кралството СХС, со исклучок на Вардарска Македонија — тогаш позната како Вардарска Бановина. Во првата половина на 1920-тите, неофицијален ПК на КПЈ во Македонија бил основан од Милан Мијалковиќ. Со партиски ќелии во Скопје, Велес, Битола, Куманово и Тетово. Во јуни 1928 година почнала внатрешна борба меѓу КПЈ, поради тоа Мијалковиќ бил принуден да се исели во Крагуевац. Со шестојануарската диктатура биле спроведени судски процеси против комунистичкиот кадар во Македонија.
Тогашниот ПК бил укинат и комунистичките ќелии изгубија контакт меѓу себе, организацијата била во вид парализирана. Во 1932 година комитетот бил обновен со нови партиски ќелии во Скопје, Велес, Прилеп и Куманово. Милан Горкиќ, тогашен секретар на ЦК на КПЈ, побарал Алексо Демниевски-Бауман да е назначен за политички инструктор во Македонија. Но во 1933 година, КПЈ отстапила од таа одлука и го одбрале Никола Оровчанец, кој во тоа време се школувал во СССР. Оровчанец бил инструктор сѐ до февруари 1934 година, кога имало масовна провала во скопскиот, велешкиот и кумановскиот комитет. Поради тоа Оровчанец бил принуден да ја напушти Македонија.
Околу почетокот на 1935 година, ПК имало 173 членови. Највлијателни партиски ќелии биле во Велешко и Скопско. Околу пролетта го пратиле Трајко Мишковски како политички инструктор. Во летото 1936 година организирале конференција во Велес со делегатите: Боро Чушкар, Тодор Томовски-Брич, Панче Пешев, Киро Гаревски, Ристо Бајалски, Ордан Лазевски, Киро Попадиче и Киро Таневски. За состав на ПК биле одбрани Киро Попадиче, Таневски и Томовски. Во 1937 година дојде до провала со трајни оштети во комунистичкото движење. Мома Момовиќ се обидол да ја обнови организацијата во 1938 година, го поканил Демниевски во Белград за средба. Но кога Јосип Броз Тито бил назначен за секретар на КПЈ, средбата била откажана.
Основање и дејство пред НОД лево|мини|242x242пкс|„Наша реч“, печатен орган на Покраинскиот комитет. Во 1939 година Јосип Броз Тито го пратил Светозар Вукмановиќ-Темпо во Скопје, каде се консултирал со скопската партиска ќелија. Го основал Покраинскиот комитет и го назначил Блажо Орландиќ за прв секретар. Негова цел била да ги обедини сите скојевци низ Вардарска Македонија. Со разлика од претходниот ПК, Орландиќ ја централизирал организацијата. Со официјално одобрување од Тито, ПК дејствувал во согласност со доктрината на Комунистичката партија на Југославија. На 25 февруари 1939 година почнале со објавување на весникот „Наша реч“, нивниот печатен орган и во едно време единствениот легален комунистички весник во Македонија.
Во декември 1939 година Орландиќ бил уапсан, поради тоа во февруари 1940 година било одбрано ново раководно тело со Методија Шаторов-Шарло како главен секретар. Македонската енциклопедија го наведува февруари 1940 година како конкретен основачки датум на ПК. Истата година, според резолуцијата на Коминтерната, КПЈ го признале постоењето на македонски народ. На 6 септември 1940 година Шаторов организирал конференција во Скопје. Под негово раководство, организацијата останала блиску со Георги Димитров, Македонец по потекло и тогашен претседател на Комунистичката партија на Бугарија.
Учество во НОД и последни години мини|Методија Шаторов-Шарло. После Априлската војна, почнала бугарската фашистичка окупација во Македонија. Во првите месеци ПК бил целосно неорганизиран поради неочекуваните военополитички промени во Балканот. На 28 јуни 1941 година била основана Воена комисија на Покраинскиот комитет, предводен од Шаторов. Подоцна таа комисија прераснала во Главниот штаб на НОВ и ПОМ. На 22 август почнале со вооружени дејности со основањето на Скопскиот партизански одред. Во Загреб, КПЈ оддржале конференција каде одлучиле да вршат масовни промени во раководниот кадар, особено во ПК на Македонија. За одлуката, Лазар Колишевски и Мара Нацева го известиле Шаторов.
Шаторов, незадоволен со одлуката, ги прекинува односите меѓу ПК и КПЈ. Го преименува ПК во Работничката партија на Македонија и на 11 септември отидол во Софија со цел да ја припои организацијата во Бугарската комунистичка партија. Неговата одлука е оспорена во Македонската историографија. Цветко Узуновски, како пример, смета дека Шаторов бил „предавник на својот народ.“ но исто така признава дека Шаторов не постапил злонамерно туку наивно и всушност БКП се виновни. Во псевдоисториската Бугарска историографија, Шаторов го сметаат како бугарофил. Откако открила КПЈ, тие воведиле нов состав во ПК со Лазар Колишевски за секретар.
Во 11 октомври бил основан НОПО „Гоце Делчев“ под наредба од ПК. Истиот ден бил извршен напад во бугарската полициска станица во Прилеп, почнувајќи ја Народноослободителната борба. Кога го уапсиле Колишевски, Цветко Узуновски бил назначен за секретар. Нови партизански одреди биле основани низ Вардарска Македонија. Покрај притисокот на Јосип Броз Тито, ПК останал верен на идејата за независна обединета Македонија, наместо држава во рамките на Федеративна Југославија. ПК бил укинат во март 1943 година и неколку дена подоцна бил оддржан основачкиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија, нејзиниот следбеник.
Поврзано
Народноослободителната борба во Вардарска Македонија Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди во Македонија Антифашистичко собрание на народното ослободувањето на Македонија Комунистичка партија на Југославија Комунистичка партија на Македонија
Наводи
Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Народноослободителна војска на Македонија Категорија:Сојуз на комунистите на Македонија Категорија:Сојуз на комунистите на Југославија Категорија:Појавено во 1939 година во Македонија Категорија:Престаноци во 1943 година во Македонија Категорија:НОБ