Димче Јовчев Величковски-Еребица (прекар Барутана) ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, столар, комунистички деец и првоборец.

Животопис Станал член на Синдикалната подружница на дрводелските работници и член на СКОЈ (1924), а потоа и член на МК на СКОЈ во Куманово (1925). Во партиската провала на членовите на КПЈ во Куманово (1929), заедно со други 14 активисти, бил уапсен на отслужување на воениот рок во Крушевац и спроведен во Куманово, а на судењето во Белград (јануари, 1930) бил осуден на 7 години. Пресудата ја издржувал во Казнениот завод во Сремска Митровица заедно со поголема група истакнати македонски револуционери, каде што учествувал во 16-дневниот штрајк со глад. Таму бил близок со Моша Пијаде. По враќањето пак продолжил со партиската активност, поради што, заедно со 20 други кумановски комунисти, бил интерниран во Меѓуречје кај Ивањица (1940). По Априлската војна (1941) се вратил во Куманово и станал борец на Козјачкиот НОПО (12-17. Ⅹ 1941). При разбивањето на Одредот од бугарската војска и полиција, бил заробен и при спроведувањето убиен.

„Да се стрела тој џган, што го лаже и злосторствува народот" - реакција на Димче за теророт кој го спроведувала бугарската окуапциона војска.

Во чест на Димче Еребица Во Куманово една фабрика и едек ракометен клуб се именувани по него.

Народот ја има испеано и народната песна (Битка се бие кумановско поле) во негова чест.

Наводи

Надворешни врски

Димче Величковски - Еребица „Приказни за храброст, испишани на камен: Спомениците од НОБ во Куманово“

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна