Spergularia rubra — растителен вид од семејството Caryophyllaceae. Потекнува од Европа, Азија и Северна Африка, а е присутна и на други континенти, вклучувајќи ги Северна и Јужна Америка и Австралија, како внесен вид, а во многу области се смета како чест плевел. Расте во широк спектар на типови живеалишта.

Опис Станува збор за едногодишна или повеќегодишна билка која има тенко, жлездесто стебло долго до околу 25 сантиметри. Обложена е со малку месести линеарни или кончести листови, секој со помала должина од 2 сантиметри. Листовите може да бидат на врвот со тврди врвови или боцки, а се придружени со сјајни бели стипули во копјест облик. Цветовите се наоѓаат во лисните оски и на врвовите на стеблата. Имаат влакнести, жлездести чашки и пет кружно-овални розови ливчиња.

Во Македонија Широко распространето растение по брдските и планинските пасишта, по песокливи места, покрај патишта, на надморска височина од низините до 2200 метри.

Вирее на Шар Планина, Бистра, Огражден, Пелистер, околината на Скопје, Жеденска Клисура, Маврови Анови, селото Врбен, Демир Хисар, Преспа, Отешево, Кочани, Радовиш, Колешино и на други места.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 296-297

Наводи

Надворешни врски

Џепсонов рачен третман Профил на растенија од Министерството за земјоделство на САД Флора на Северна Америка Фото галерија

Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Таксони именувани од Карол Боривој Пресл