десно|мини|Цветови и лисја на обичен кучешки јазик.
Обичен кучешки јазик () — тревесто растение од семејството лисичинките (Boraginaceae).
Опис Може да биде едногодишно или двегодишно. Листовите се сивкасти и меко влакнести, копјести до издолжени. Темноцрвени или темно виолетови цветови цветаат помеѓу мај и септември.
Стеблото е вертикално, разгрането, со прилегнати или полустрчести влакна. Базалните листови се собрани во розета. Цветовите се собрани во почетокот на главичести соцветија, кои при формирање на плодот се издолжуваат.
Распространетост и живеалиште Се среќава во поголемиот дел од Европа, а исто така и во Северна Америка, каде што е случајно внесен, вклучително и во Британска Колумбија, каде што е означен како штетен плевел според Законот за контрола на плевелите на Британска Колумбија. Живее на влажни места, песочни дини, пустелии и жива ограда.
Во Македонија го има покрај патишта, огради, по меѓи на нивите, на шумски чистини, на надморска височина до 1800 метри.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 2010 г., том II, свеска 1, стр. 168-169
Познат е за Скопје, Водно, Јакупица, Кадина Река, Скопска Црна Гора, Жеденска Клисура, Рашче, Куманово, Свети Николе, Шар Планина, Маврово, Бистра, Папрадиште, Кичево, Демир Хисар, Слепче, Крушево, Прилеп, Галичица, Пелистер, Алшар, Струмица, и други места.
Екологија Обичниот кучешки јазик може да биде опрашуван од пчели, а може и да се самоопрашува.
Билкарство Во 1725 година, зборот „кучешки заб“ бил претставен во семејниот речник, Dictionaire oeconomique, како дел од лек за лудило. Во таа книга, лудилото се сметало за „немир, не само на разбирањето, туку и на разумот и меморијата, што произлегува од настинка, која суши сè што ќе сретне, а е влажно во мозокот“.
Во 1830-тите, во Франција обичниот кучешки јазик бил познат како диуретик за секојдневна употреба кај воспалителни заболувања, особено на уринарните органи. За да се подготви како диуретик, листовите од растението се пасирале, а потоа се вареле во вода за да се извлечат масла, испарливи органски соединенија и други хемиски супстанции. Смесата можела да се заслади со сладок корен. Потоа се вршел декокт, по што билниот чај се пиел по една шолја. До крајот на 1830-ти години, лекарите во Англија го користеле растението како антиафродизијак за борба против проблеми со либидо.
Билкарите го користат растението за хемороиди, белодробни заболувања, постојана кашлица, ќелавост, рани и чиреви, но ефикасноста на сите овие употреби не е поткрепена со никакви научни докази.
Како плевел Во 1891 година, американската држава Мичиген го идентификувала ова растение, како еден од најлошите плевели во државата.
Токсичност Обичниот кучешки јазик содржи туморогени пиролизидински алкалоиди. Отровен е за кравите и е особено опасен за сопствениците на пасишта.
Наводи
Надворешни врски Профил на видот обичен кучешки јазик (Cynoglossum officinale), Национален информативен центар за инвазивни видови, Национална земјоделска библиотека на САД. (Наведува општи информации и ресурси за Cynoglossum officinale)
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Америка