Teucrium — космополитски род на цветни растенија од семејството Lamiaceae. Растенијата од овој род се повеќегодишни билки или грмушки, со гранки кои се повеќе или помалку квадратни во пресек, лисја распоредени во спротивни парови, а королата е претежно со бели до кремасти, лобусни ливчиња.

Опис Растенијата од родот Teucrium се повеќегодишни билки или грмушки со четириаголни стебла, често со едноставни влакненца и сесилни жлезди. Листовите се распоредени во спротивни парови, едноставни или со три ливчиња, понекогаш со лобусни или назабени рабови. Цветовите се распоредени во тирсис, понекогаш во соцветие во лисните оски. Цветовите имаат пет повеќе или помалку слични чашкини ливчиња споени во основата, а венечните ливчиња се бела или кремаста боја со пет лобуси кои формираат две усни. Горната усна е обично многу намалена по големина, а долната усна има три лобуси, централниот лобус обично е поголем од страничните лобуси. Постојат четири прашници прикачени во близина на основата на ливчињата, а плодот е со четири сегменти.

Таксономија Родот Teucrium првпат формално е опишан во 1753 година од Карл Линеј во „Species Plantarum“. Името Teucrium го користел Педаниј Диоскорид за неколку видови од овој род, и се верува дека се однесува на кралот Тевкер од Троја, кој го користел растението во како медицина.

Видови (Видете го Список на видови растенија од родот Teucrium) мини|Teucrium albicaule мини|Teucrium capitatum мини|Teucrium fruticans Teucrium е космополитски род со околу 300 видови, чиешто распространување е центрирано во Медитеранот. Постојат околу тринаесет видови ендемски за Австралија.

Видови од овој род растат во Македонија: Teucrium scordium, Teucrium chamaedrys, Teucrium montanum и Teucrium capitatum.

Фосилни записи †Фосилите од семе од Teucrium tatjanae се познати од олигоценот, миоценот и плиоценот во западен Сибир, миоценот и плиоценот во централна и јужна Русија и миоценот во Лужица. Фосилните семиња се слични на семето од постоечкиот Teucrium orientale.

†Фосилите од семе од Teucrium pripiatense се опишани од плиоценската формација Борсони во планините Рен во централна Германија.

Наводи

Надворешни врски Профил на USDA PLANTS

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа