мини|Гамсутл во 2018 година Гамсутл (; ) е напуштен град во Гунибскиот округ во Дагестан, Русија, кој се наоѓа на планината Гамсутлмер на околу 1.400 метри надморска височина.

Историја „Гамсутл“ на аварски јазик значи „во подножјето на тврдината на ханот“.

Точната старост на селото е непозната, но се смета за едно од најстарите населби во Дагестан кое е старо од 2.000 до 5.000 години. Во својот најголем подем, селото се состоело од 300 куќи со до 3.000 жители.

Во 20 век селото имало продавници, пошта и болница, а кон крајот на 1950-тите, луѓето почнале да го напуштаат селото и бројот на жители почнал да паѓа и во 1970 година останале 200, а веќе во 2002 година 17 жители.

Во 2015 година, починал последниот жител на селото, Абдулжалил Абдулжалилов кој се нарекол градоначалник и станал доста познат по серија телевизиски извештаи.

Сега Гамсутл е ненаселен и го посетуваат само туристи.

Наводи

Категорија:Градови во Дагестан Категорија:Поранешни градови во Русија Категорија:Поранешни градови