Горна Козлуџа (понекогаш само Козлуџа; , Ано Кариофито; до 1928 г. Κοζλούτσα, Козлуца) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 89 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа северозападно од Крстополе и Скеча, во југоисточните падини на Западните Родопи, на надморска височина од 560 м.
Историја
Во XIX век Горна Козлуџа било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 825 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 812 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 143 бегалски семејства (вкупно 627 бегалци), така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1928 г. селото е преименувано во Ано Кариофито (Άνω Καρυόφυτο).
Население
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)