Јаворјани или Јаворени (, Платани, до 1926 г. Γιαβόργιαννη, ЈаворјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαβόργιανη -- Πλατάνη) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 361 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа 7 км јужно од градот Воден, а атарот му зафаќа .

Историја Ова не е многу старо село и се смета дека е основано од жители на Пожарско, Мегленско кои откопувале земјиште и постепено се преселувале

Османлиско време мини|лево|200п|Црквата „Св. Петка“ во Јаворјани На крајот на XIX век Јаворјани е заведено како чисто македонско село во Воденската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Јаворене (Yavoréné) имало 10 куќи со вкупно 64 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото (Јаворени) имало 66 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 148. Селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јаворани (Yavorani) имало 72 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.

Потпаѓање под Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 55 жители. Во 1920 г. се евидентирани 128 жители Во 1926 г. селото е преименувано во Платани, што е буквален превод на македонското име. Во 1928 г. 322 жители

Втора светска и Граѓанска војна За време на Втората светска војна селото било под окупација на Германија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“. Покрај германскиот отпор бугарските четници формираат во селото бугарска општинска власт.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Селото значајно настрадало во оваа, како и во Граѓанската војна, но сепак бројноста на населението се одржала.

Население Денес населението на останува целосно македонско и непроменето.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јаворјани, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство Јаворјани е мошне богато село, чие население се занимава со овоштарство (одгледување на праски, јаболки, и цреши) и производство на жито. Делумно е развиено и сточарството.

Наводи

Категорија:Воден