Dianthus viscidus — вид каранфил опишан од Жан-Батист Бори де Сен-Венсан и Шоб. Тој припаѓа на родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост Повеќегодишно растение високо 20-45 см, со повеќе стебленца што излегуваат од основата. При цветење, во основата обично нема стерилни гранчиња, а базалните листови се сушат. Стеблото е цилиндрично, неразгрането, со жлездести влакна или долните 2/3 жлездести, а горниот дел со обични влакна. Листовите се долги 30-50 мм и широки 2 мм, покуси од интернодиумите, голи или жлездести, рабовите рапави, заострени во врвот, зелени; ракавецот еднаков по должина и ширина. Цветовите се собрани во групи од 3 до 5 или повеќе; обвивните лушпи се покуси од цветовите, елиптични, завршуваат со долг зелен осил. Чашкините лушпи 2(-4), подуени, долги до половина или 2/3 од чашката, голи или ситно влакнести, ретко жлездести, јајцевидни, кожести, белузлави или кремови, со широк мембранозен раб, нагло стеснети во зелен осил кој може да биде покус, еднаков или подолг од лушпата, достигнувајќи до средината или основата на запците. Двете чашкини лушпи (некогаш 4), подуени, долги до половина или 2/3 од чашката, голи или ситно влакнести, ретко жлездести, јајцевидни, кожести, белузлави или кремови, со широк мембранозен раб, нагло стеснети во зелен осил кој може да биде покус, еднаков или подолг од лушпата, достигнувајќи до средината или основата на запците. Чашката е цилиндрична, долга 15-18 мм и широка 2,5-3 мм, зелена, гола или со ретки куси прилегнати влакна, понекогаш жлездести; запците долги околу 5 мм, основа широка 0,5-1 мм, тесно триаглести, со шиловиден врв долг 2 мм и мембранозни рабови. Венечната ламина долга 7-10 мм, црвена, назабена, основата влакнеста.
Се јавува на брдски пасишта, ливади, меѓи, крај шуми и патишта, на височина околу 1400 м.
Варијабилност Dianthus viscidus subsp. viscidus — Чашката е покриена со обични влакна. Многу често растение. Се среќава во Скопје — Водно, Скопска Црна Гора, с. Петровец и Катлановска Бања; Куманово — Средочница, с. Опае; Крива Паланка — с. Ранковци и с. Радибуш; Маврово — Кожа; Дебар — с. Баниште; Велес — Гроот, с. Башино Село, с. Отовица, с. Чашка, с. Богомила и с. Степанци; Кавадарци — Витачево, с. Возарци, с. ’Ржаново, Мајден и Тиквешко Езеро; Прилеп — с. Загорани, с. Чепигово и Прилепец; Кичево — Цоцан; Крушево - Мечкин Камен; Битола — с. Кукуречани, с. Лознани и с. Кажани; Демир Хисар — с. Слепче: Ресен — с. Грнчари, с. Езерани и с. Крушје; Овче Поле и Богословец; Штип — жел. ст. Ванчо Прке; Пробиштип — с. Лезово и с. Зарапинци; Кочани; Радовиш; Струмица — с. Сушица; Валандово; Гевгелија — с. Црничани, Богданци, с. Негорци и с. Серменин; Делчево; Македонска Каменица и с. Луковица; Берово — Лаки; Таорска Клисура и клисурата на р. Пчиња; планините Бабуна, Плачковица, Беласица, Галичица, Баба со Пелистер, Дабничка Планина (Прилепско), Кожуф, Мрша и Смрдлива Вода, Осогово — рудникот Саса и манастирот Св. Јоаким Осоговски, Бистра над с. Кнежино. Dianthus viscidus subsp. grisebachii (Boiss.) Hay. — Чашка е густо покриена со жлездести влакна. Се среќава во Прилеп — Плетвар, Мукос и Козјак; Гевгелија — Богданци, с. Црничани, с. Негорци и Смрдлива Вода.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија