Кронцелево или Кронцелово (на грчки се среќава и како Κερασιές, Керасиес, Керасее, до 1926 година Κροντσέλοβον, КронцеловонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κροντσέλοβον - Κερασιές) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 458 жители (2021). Сè до 1879 г. населението било исклучиво македонско.
Географија и местоположба Селото е сместено во југоисточните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 700 м.
Историја Кронцелево историски било чисто македонско село во Воденската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Грунцелово (Grountzelovo) има 120 куќи со вкупно 545 жители, од кои 375 Македонци и 170 Македонци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Во 1866 г. зела замав бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
Во 1879 г. турските власти тука населиле босански муслимани кои се иселиле од Босна при нејзиното припојување кон Австроунгарија и селото добило мешан етнички и јазичен состав.
Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. селото имало 580 жители, но погрешно го заведува населението како мешано од Македонци-христијани и Македонци муслимани. Истата грешка ја прави и Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), кој вели дека во 1905 г. во Кронцелово (Krontzelovo) имало 416 МакедонциBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191. За разлика од нив, Боривое Милоевиќ во 1917-18 г. правилно регистрирал 60 македонски и 50 босански муслимански куќи Сето време селото било под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиште.
Во октомври 1910 г. селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците. На 22 октомври селото го окупирала младотурска војска и во судирите со неа загинале Ристо Крезов, Дине Крезов, Ванe Миндев, Аламан Минов и Ванe Минов.Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 311 жители. Во 1920 г. се заведени 488 жители, од кои сосема малку муслимани. Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор и преостанатите муслимани се иселени во Турција, а на нивно место се доселени 115 турски Грци, со што селото останало мешано, но преовладувале Македонците. Во 1928 г. селото е преименувано во Керасее, кога имало 474 жители.
Во 1940 г. во селото живееле 570 жители, од кои 500 Македонци и само 79 доселени Грци. Доселените Грци го напуштиле Кронцелево за време на Граѓанската војна, но истото го направиле и повеќе македонски семејства, преоѓајќи во Р Македонија поради големите страдања во селото.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Теово, каде покрај Кронцелево спаѓа и селото Теово.
Стопанство Иако е планинско, селото е мошне богато поради големото производство и извоз на цреши, а мошне развиено е и сточарството поради погодниот терен.
Знаменитости Црква „Св. Димитриј“ од 1800 г.
Личности Христо Чичов (1871-?) — револуционер на МРО Никола Иванов (1887-1909) — револуционер на МРО Иван Шамарданов (1921-1948) — партизан од НОФ и ТОМО Ташко Георгиевски (1935-2012) — македонски писател
Наводи
Категорија:Кронцелево