Оружја () — американски долгометражен филм на ужасите во жанрот мистерија од 2025 г., во режија, сценарио и производство на Зак Крегер. Во филмот глумат Џош Бролин, Џулија Гарнер, Олден Еренрајк, Остин Абрамс, Кери Кристофер, Бенедикт Вонг и Ејми Мадиган. Дејството го следи исчезнувањето на 17 соученици што на таинствен начин исчезнуваат истовремено во една иста ноќ.

Филмот бил објавен на 8 август 2025 г. од страна на компанијата Warner Bros. Pictures. Киноостварувањето добило потврдни одзиви и заработило 270 милиони долари при буџет од 38 милиони долари. Глумечката игра на Мадиган ѝ донела награда од Здружението на филмски критичари на Њујорк, наградата „Избор на критичарите“ и „Оскар“, како и номинација за „Златен глобус“ и други признанија.

Премиерата на филмот во Македонија била на 7 август 2025 г.

Содржина Во 2:17 часот наутро, секое дете од одделението на г-ѓа Ганди се разбудило, станало од креветот, се спуштило по скалите, ја отворило влезната врата, зачекорило во темнината и никогаш повеќе не се вратило. Кога сите деца од исто одделение, освен едно, таинствено исчезнуваат во иста ноќ и во точно исто време, заедницата почнува да се прашува кој или што стои зад нивното исчезнување.

Улоги

| Џош Бролин | Арчер Граф |- | Џулија Гарнер | Џастин Ганди |- | Кери Кристофер | Алекс Лили |- | Олден Еренрајк | Пол Морган |- | Остин Абрамс | Џејмс |- | Бенедикт Вонг | Ендру Маркус |- | Ејми Мадиган | Гледис Лили |- | Тоби Хас | Ед Лок |- | Џун Дајана Рејфил | Дона Морган |- | Витмер Томас | господин Лили |- | Кали Шутера | госпоѓа Лили |- | Клејтон Фарис | Тери Маркус |- | Лук Спекман | Метју Граф

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на New Line Cinema Категорија:Филмови на Warner Bros.