Монсерат Кортес Фернандез (Барселона, 1972) е шпанско-ромска фламенко пејачка, уметнички позната како Монтсе Кортес. Нејзината дискографија вклучува Албанца (Alabanza) (2000), Ла роса бланка (La rosa blanca) (2004) и Фламенкас ен ла сомбра (Flamencas en la sombra) (2014).

Биографија Монтсе Кортес израснала во населбата Ла Мина во Сант Адриа де Беос. Семејство и се преселило во Барселона од Гранада.

Почнала да пее во барселонските таблаоси придружувајќи го фламенко танцот. Така кореографот Антонио Каналес ја открил Кортес и ја вклучил во својата компанија, каде што останала пет години пред да одлучи да го сними првиот соло албум, „Алабанца“ (2000), за кој била номинирана на вторите годишни латино награди Греми. Меѓу другите ја делела сцената со „Ла Пакера де Херез“. Пеела за танчери како Сара Барас, Хуан де Хуан и Хоакин Кортес, а го придружувала и гитаристот Пако де Лусија.

Наводи

Категорија:Шпански Роми Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис

Категорија:Фламенко-пејачи