Љатифе Шиковска (, ) — македонска активистка и политичарка.

Животопис Родена е на 13 август 1960 година во Гостивар, тогаш во Социјалистичка Република Македонија, но е од Шуто Оризари и е од ромско потекло. Дипломирала физичко образование на Универзитетот во Скопјe и работи како наставничка. Долги години била директорка на невладината организација „Амбрела“, која се бори за правата на Ромите. На 15 јули 2020 година, била избрана за пратеничка од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Собранието на Македонија. Шиковска била единствената Ромка избрана на овие избори.

Наводи

Категорија:Македонски Роми Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонски политичари