Балкантон () била државна компанија за производство на грамофонски плочи во Народна Република Бугарија, основана во 1952 година. Многу од произведените изданија биле, или сè уште се достапни во земјите од поранешниот Источен блок. Фабриката на „Балкантон“ во Софија била опремена за сите аспекти на производството — од снимање на матриците и пресување на винилни плочи, до печатење на омотите.
Повеќеканалното снимање на звук било воведено во 1972 година со опрема купена од Велика Британија. Во 1982 година, „Балкантон“ добил сопствена опрема за дигитално снимање. До средината на 1980-тите, годишното производство на грамофонски плочи достигнало 9 милиони единици. Компанијата главно произведувала ЛП-плочи, а од 1980 година започнала да произведува и касети. Како единствена дискографска куќа во Бугарија во текот на четири децении, „Балкантон“ акумулирал огромна библиотека на изведби на народна, класична, бугарска и странска популарна музика, театар, поезија и друго.
По неколку обиди за реорганизација на компанијата во 1990-тите, таа конечно била приватизирана во 1999 година. Денес, „Балкантон“ реиздава дел од своите стари снимки, главно во дигитален формат, склучувајќи договори со дигитални дистрибутери како Amazon.com, Spotify, 7digital и други.
Седиштето на „Балкантон“ се наоѓа на улицата „Хајдушка Полјана“ бр. 6 во Софија, но не е познато дека има официјално веб-присуство. Половни плочи од „Балкантон“ се широко достапни на тезгите наменети за туристи во Софија и во други бугарски градови.
Наводи
Надворешни врски
Кратка историја на Балкантон (на англиски јазик) Издадени дела во Бугарски рок архиви
Категорија:Бугарски издавачки куќи