Орман Чифлик (, Дендри; до 1928 година: Ορμάν Τσιφλίκ, Орман ЦифликΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ορμάν Τσιφλίκ - Δενδρί) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓало помеѓу селата В’гени и Ризово, а ѝ припаѓало на општината Каменик.
Историја
Во 1928 година, селото добило ново грчко име, но изгледа дека истата година се растурило, бидејќи не се спомнува во пописот од 1928 година. Неговото население се прибрало во околните села, бидејќи земјиштето, кое било беговско, им било доделено на бегалски семејства сместени во селото Ризово.
Стопанство
Главното занимање на селаните било земјоделството.
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман Чифлик (Orman tchifliq) е село во Воденската Каза со 20 куќи и 75 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Орман Чифлик живееле 90 Македонци.Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орман Чифлик (Orman Tchiflik) имало 48 Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102 - 103.
Во 1920 година, Орман Чифлик е посочено со 5 македонски куќи.Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911)
Во пописот од 1913 година било забележано со 32 жители, а во 1920 година само со 14 жители. Во 1928 година добило ново грчко име, но изгледа селото се распаднало и не е спомнато во пописот од 1928 година.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол.
Наводи
Белешки
Категорија:Историски села во Вртикоп