Ослово или Ослој (, Панагица, до 1926 г. Όσλοβο, ОсловоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όσλοβο -- Παναγίτσα) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 583 жители (2021). Во неодамнешното минато било населено исклучиво со Македонци, но Турците присилно ги одзеле имотите и целот осело така станало турска населба. Денес населението е сочинето од грчки доселеници од Турција.

Географија и местоположба Селото се наоѓа 5 км северно од Острово и 20 км западно од Воден. Лежи во подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 720 м.

Историја Во древноста Западно од Ослово во правец на Жерви е откриена Ословската древна населба која била населена од бронзеното време, па сè до хеленистичкиот период.

Османлиско време Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ослово како македонсконаречено „бугарско“ под влијание на бугарската политика село.Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 Ослој (Osloy) е село со 55 домаќинства и 96 жители Македонци и 115 Македонци муслимани.всушност, веројатно се работи за Турци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.

На почетокот на XX век Ослово е заведено како село во Воденската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Ослој (Ослави) живееле 50 Македонци христијани и 1.100 Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149. Целото хирстијанско население било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ослово (Oslovo) имало 16 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191. Последните македонски жители биле принудени да се преселат во соседното село Жерви.

Припојување кон Грција

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Ослово било припоено кон грчката држава, кога имало 1.327 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води како чисто турска населба со 350 куќи. Во 1920 се евиентирани 1.274 жители, сите Турци. Со размената на населението по Лозанскиот договор од 1923 г., Турците се иселиле во Турција, а на нивно место дошле Грци-доселеници од Понд, Тракија и Мала Азија. Пондите со себе ги донеле иконите и богослужбените предмети од родното место, кои датираат од XV-XVI век и денес се наоѓаат црквата „Успение на Пресвета Богородица“.Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία десно|мини|250п|Експонати во Етнографскиот музеј во Ослово Во 1928 г. селото било чисто доселеничко, со 180 семејства со вкупно 761 членови.Симовски наведува 682 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Панагица. Во Ослово има етнографски музеј.

Население Намалувањето на населението низ децениите се должи на економската пасивност на селото, поради што дел од жителите се иселиле во поголемите градски центри во земјата и странство.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ослово, во кое спаѓа и селото Жерви.

Стопанство Ова е релативно сиромашно село. Главен производ е житото. Во последно време се развива и овоштарството, а делумно е развиено и сточарството.

Наводи

Категорија:Воден