мини|Дмитриј Медведев на аеродромот во Харков мини|Претседателите на Плоштадот на слободата Харковски договори (руски: Харьковские соглашения; украински: Харківські угоди), официјално Договорот меѓу Руската Федерација и Украина за распоредување на руската Црноморска флота на територијата на Украина — руско-украински договор со кој се продолжил крајниот рок на распоредувањето на руската Црноморска флота на Крим од првично очекуваната 2017 година до 2042 година (со можност за последователни автоматски продолжувања на секои пет години во отсуство на приговори од страните) во замена за ревизија на цената на рускиот гас за Украина.

Договорот биил отпишан на 21 април 2010 година од страна на претседателите на Русија и Украина во Харков. Договорот бил ратификуван од парламентите на 27 април 2010 година и предизвикал значителни контроверзии во Украина. По руската анексија на Крим во 2014 година, Русија ги раскинала сите договори во врска со стационирањето на нејзината флота во Украина, вклучително и договорот од 2010 година. Сепак, Украина, која не ја признала анексијата, исто така не го признала откажувањето на договорите за флотата од страна на Русија.

Членови На 21 април 2010 година, Виктор Јанукович и Дмитриј Медведев одржале важни разговори за широк спектар на прашања во украинско-руските односи, вклучувајќи ја политичката соработка, економијата и хуманитарните прашања. Посебно внимание било посветено на состанокот со раководителите на пограничните региони на Украина и Русија и меѓурегионалната соработка меѓу земјите . Главните резултати биле договори за присуството на Црноморската флота во Украина и намалување од 30% на цената на рускиот гас за Украина, но не повеќе од 100 долари за илјада кубни метри.

Член 6.6, кој предвидувал казни за Украина доколку купи гас 6% помалку од месечниот обем на снабдување, бил отстранет од договорот за гас од 2009 година .

Од 28 мај 2017 година , договорот меѓу Украина и Руската Федерација за статусот и условите за престој на Црноморската флота на Руската Федерација на територијата на Украина, договорот меѓу Украина и Руската Федерација за параметрите на поделбата на Црноморската флота и договорот меѓу Владата на Украина и Владата на Руската Федерација за меѓусебни спогодби поврзани со поделбата на Црноморската флота и престојот на Црноморската флота на Руската Федерација на територијата на Украина од 28 мај 1997 година се продолжиле за 25 години со последователно автоматско продолжување за последователни петгодишни периоди, освен доколку која било од страните писмено не ја извести другата страна за нејзино раскинување најдоцна една година пред истекот на рокот.

Договорот, исто така, предвидел зголемување на киријата за присуството на руската Црноморска флота на украинска територија, која, почнувајќи од 28 мај 2017 година, се состоела од плаќања од Русија во износ од 100 милиони долари годишно и дополнителни средства добиени со намалување на цената на природниот гас што Русија го испорачува на Украина од датумот на стапување во сила на договорот.

Ратификација на договори Договорите биле ратификувани од парламентите на двете земји на 27 април 2010 година.

Во Русија Федералниот закон „За ратификација на Договорот меѓу Руската Федерација и Украина за присуство на руската Црноморска флота на територијата на Украина“ бил усвоен од страна на Државната Дума на 27 април 2010 година, а бил одобрен од Советот на Федерацијата на 28 април 2010 година. 410 пратеници на Државната Дума гласале за ратификацијата. Фракцијата на ЛДПР се воздржала од негова поддршка .

Во Украина Мерки за спречување на ратификацијата На 22 април опозициската фракција „Блок на Јулија Тимошенко“ во Врховната Рада собрала 153 потписи од народни пратеници за одржување на 24 април вонредна седница на парламентот за разгледување на Договорот и создавање привремена истражна комисија, која би дала оценка за дејствијата на претседателот Виктор Јанукович. Меѓутоа, спикерот Владимир Литвин одбил да свика пленарна седница, образложувајќи го тоа со тоа што

цитатне е можно да се обезбеди организацијата, подготовката и одржувањето на 24 април вонредна пленарна седница на парламентот во согласност со барањата на Деловникот на Врховната Рада на Украина

Затоа опозицијата предводена од Јулија Тимошенко одржаla митинг пред зградата на парламентот. Протести се одржале и во Ужгород и во Лвов.

Настани на 27 април На 27 април непосредно пред влезот во Врховната Рада се наоѓале околу 2 илјади поддржувачи на Партијата на регионите, а биле поставени и шатори. На улицата Хрушевски и на другите улици во близина на парламентот биле распоредени поддржувачи на опозицијата. Териториите каде што се одржувале митинзите ги обезбедувале припадници на специјалната единица „Беркут“ и Внатрешните сили на МВР. Според проценките на полицијата, пред парламентот имало околу 7 илјади демонстранти, а според опозицијата — 30 илјади.

Усвојувањето на законот било проследено со протести од пратениците на опозициските партии. Во салата за седници избувнала масовна тепачка меѓу поддржувачите и противниците на ратификацијата. Спикерот на Врховната Рада Владимир Литвин бил гаѓан со јајца, по што парламентарното обезбедување го заштитил со чадори, без да ги спушти до крајот на седницата. Своите места народните пратеници од БЈТ и НУ-НС ги покриле со национални знамиња, а отворите за гласање со картички на пратениците од НУ-НС биле залепени со непозната супстанција. Подоцна салата се исполнила со чад: најверојатно некој од присутните фрлил димна бомба.

И покрај протестите и нередите, Врховната Рада го усвоила Законот „За ратификација на Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за прашањата на распоредување на Црноморската флота на Руската Федерација на територијата на Украина“, по што опозицијата ја напуштила салата. „За“ гласале 236 пратеници, при потребни 226 гласови:

160 пратеници од Партијата на регионите (вкупен број на членови на фракцијата — 161); 27 пратеници од Комунистичката партија на Украина (целосен состав); 20 пратеници од фракцијата блокот на Литвин (целосен состав); 13 независни пратеници (вкупно независни — 16); 9 пратеници од фракцијата блокот на Јулија Тимошенко (вкупно членови на фракцијата — 154); 7 пратеници од фракцијата „Наша Украина — Народна самоодбрана“ (вкупно членови на фракцијата — 72).

Во меѓувреме, на улицата Хрушевски полицискиот кордон не им дозволувал на поддржувачите на опозицијата да се приближат до зградата на парламентот, при што дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Во Севастопол на 27 април се одржал митинг во поддршка на ратификацијата на Договорот, на кој се собрале околу 100 поддржувачи на партијата „Руски блок“.

Според изјавата на Литвин, материјалната штета нанесена на опремата во салата за седници изнесувала најмалку 100 илјади гривни (околу 12,5 илјади американски долари). Претседателот на Русија Дмитриј Медведев ги оценил настаните во украинскиот парламент како „концерт со употреба на специјални средства и сè останато“.

Оценки Русија Општо земено, во Русија потпишувањето на договорот било примено многу позитивно. Така, раководителот на администрацијата на претседателот на Русија Сергеј Наришкин ги нарекол Харковските договори „историски“. Сепак, од своја страна, лидерот на ЛДПР Владимир Жириновски ги критикувал договорите и изјавил дека тие не се поволни за Русија, а Врховна Рада може во секој момент да ги поништи, додека премиерот на Русија Владимир Путин ја сметал цената за закуп на руската база во Севастопол за претерана и иронично им изјавил на украинските новинари: „Јас за тие пари би го изел вашиот претседател“.

Украина Реакцијата во Украина била поразлична: потпишувањето на договорот го поздравиле претставниците на Партијата на регионите и Комунистичката партија на Украина, кои традиционално имаат поддршка кај рускоговорното население во Украина; додека поддржувачите на евроинтеграцијата го оцениле ваквиот договор како обид за мешање на Русија во внатрешните работи на Украина. Противниците на договорите го користеле дисфемизмот „Пакт Јанукович-Медведев“ (по аналогија со „Пактот Молотов — Рибентроп“)В ЕС назвали пакт Януковича-Медведева плохой новостью // Українська правда. 29.04.2010.

Поддршка на договорот Премиерот на Украина Николај Азаров изјавил:

Со ратификацијата на договорот за продолжување на престојот на Црноморската флота во Севастопол, нашиот парламент донесе историска одлука. Заврши петгодишниот период на бесмислено непријателство со Русија… Според договорот на Тимошенко, украинската економија имаше единствена перспектива — банкрот.

Народниот пратеник на Украина Леонид Грач (фракција КПУ) сметал дека потпишувањето на договорите е „исклучително важен чекор на патот кон регулирање на меѓудржавните односи меѓу Украина и Русија, кон мир и пријателство, создавање заедничка воена доктрина и, секако, одбранбен сојуз. Ова е одлука што ја очекуваа граѓаните на Украина со децении и со која треба да се гордееме“.

Претседателот на Севастополската Градска Државна Администрација Валериј Саратов изјавил дека договорите ќе донесат „сериозна политичка стабилност во наредните 32 години, што ќе овозможи градење стратешки односи меѓу Украина и Русија во Севастопол“:

Овој договор е победа на здравиот разум. Да се разделат нашите земји во Севастопол, каде што духовниот живот на Украина и Русија е толку тесно поврзан, е невозможно, затоа сметам дека оваа одлука ќе биде позитивно прифатена од апсолутното мнозинство севастополци.

Поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма изразил мислење дека „продолжувањето на престојот на флотата во Севастопол ќе придонесе за хармонизација на билатералните контакти, враќање на односите со РФ кон вистинско стратешко партнерство“.

Петро Порошенко во 2010 година инсистирал дека своите интереси ги заштитиле двете држави (а не само Русија): „Украина најде формула со која беше можно нагло намалување на цената на гасот“, а Русија, преку продолжување на управата на Црноморската флота, успеала да ги „продаде“ овие „огромни економски загуби“ на своите избирачи без при тоа да создаде преседан за други земји.

Критика на договорот Народниот пратеник на Украина Арсениј Јаценјук (фракција НУ-НС) изјавил дека Харковските договори се „враќање на пазарните односи меѓу Украина и Русија“, а исто така изразил мислење дека попустите за гас се фиктивни:

Ако сега се зборува за наводен попуст на гасот, сакам многу остро да ја негирам оваа лага. Тоа не е попуст на гас. Тоа е реална пазарна цена… Европа купува гас од 170 до 220 долари за илјада кубни метри.

Лидерот на опозицијата во Украина Јулија Тимошенко сметала дека потпишаниот договор ги засега националните интереси на Украина:

Нè лишија од дел од територијата на земјата… Претседателот на Русија нареди да се изработи Генерален план за развој на Севастопол и Крим и да се спроведе. Со Крим веќе почна да управува друга држава. Може да дојде до тоа Украинците да мора да вадат визи кога одат на одмор во Крим. Предлогот на Путин за создавање заеднички претпријатија е целосно преземање од страна на Русија на енергетскиот, транспортниот и индустрискиот потенцијал на Украина. Што мислите, кој ќе управува со сите корпорации? Сигурно не Украина! Ние исчезнуваме, се раствораме во бескрајниот руски простор, нашата земја се уништува како независна држава. Овој план требаше да биде реализиран уште во 2004 година. Новата власт го спроведува денес.

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јушченко изјавил дека не ги разбира причините за потпишување на ваков договор:

Во замена за евтин гас, кој економски ја дискредитира државата, кој нè оттурнува од конкурентските можности, кој остава неконкурентна економија во состојбата во која се наоѓа — на другата страна од вагата се става најсветото за секоја нација — суверенитетот и независноста. За мене ваква размена е неразбирлива… Треба да се грее и со слама, но да се биде независен. Да се разбере дека тоа е свето.