Плугар (, Лудијас; до 1926 г. Πλούγαρ, ПлугарΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πλούγαρ -- Λουδίας) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Постоело сè до 1935 г.

Географија Селото се наоѓало во областа Сланица во Солунското Поле, на западниот брег на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро, меѓу селата Врежот на југ и Кадиново на север.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Плугар било етнички мешано село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Плугар броел 70 Македонци христијани и 30 Роми. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Плугар (Plougar) имало 120 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102 – 103.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Плугор имало 10 македонски и 10 ѓупски куќи.

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

Селото почнало да се распаѓа уште пред Балканските војни поради постојаното поплавување од водите на Ениџевардарското Блато.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 47 жители, а во 1920 г. опаднало на 28 лица. Во 1926 г. името му е сменето во Лудијас — грчкото име на реката Колудеј. Со отпочнувањето на мелиоративните работи при исушувањето на Ениджевардарското Блато во 1930-тите, населението било приморано да се пресели во недалечното село Кадиново, а помал дел и во Пласничево. Плугар престанал да постои во 1935 г.

По завршувањето на мелиорацијата, изградена е нова населба од источната страна на поранешното блато, која го добила истото грчко име, и во која се населени грчки колонисти од Турција. Тоа село Лудијас е во денешната општина Илиџиево, Солунско.

Поврзано Сланица

Наводи

Категорија:Историски села во Постол