Маловишки манастир — манастир во битолското село Маловиште.

Специфично за овој манастир е тоа што конаците и главната манастирска црква се оддалечени околу 300 метри.

Местоположба

Манастирот се наоѓа југозападно од селото, вгнезден во длабоката и бујна шума.

Историја

За црквата се вели дека е најстара од црковните храмови во селото.

Градби во манастирот

Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конаци, чешма со изворна вода (која се смета за лекотива) и помошни објекти.

Црква „Св. Ана“

Главната манастирска црква е посветена на Света Ана.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Маловиште Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Ресенското архијерејско намесништво