Курлар (, Комнина; до 1928 г. Κουραλάρ, Куралар) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 217 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа 5 км југозападно од Крстополе и 60 км североисточно од Кавала, во падините на Западните Родопи, непосредно до левата страна на Места, на надморска височина од 140 м. Во блзиина на Курлар минува железничката пруга Солун-Дедеагач.

Историја Кај селото е откриена древномакедонска гробница (веројатно од II век п.н.е.), која се смета за најдобро зачувана и најимпресивна гробница од тој период досега откриена во Тракија. Околу 2,5 км југозападно од селото, во месноста Кале, се среќаваат траги од тврдина од времето на Филип II.

Во XIX век Курлар било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото селото броело 508 жители, кои, поради Првата светска војна, во 1920 г. се свеле на 47 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 160 бегалски семејства (вкупно 645 бегалци), така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1928 г. селото е преименувано во Комнина (Κομνηνά).

Стопанство Селото е доста богато. Населението произведува памук, тутун, жито, фуражни и други земјодслски култури, а поради поволните услови за сточарење, внимание му се посветува и на сточарството.

Население

Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)