Александра Смиљаниќ (родена на 12 јуни 1970 година) — поранешна министерка за телекомуникации и информатички технологии во Владата на Србија од 2007 до 2008 година.

Образование и кариера Александра Смиљаниќ е родена во Белград во 1970 година. По завршувањето на средното образование во Математичката граматичка гимназија, таа дипломирала на Електротехничкиот факултет на Белградскиот универзитет. Подоцна магистрирала и докторирала на Принстонскиот универзитет во 1996 и 1999 година.

Таа работи како професорка на Белградскиот факултет за електротехника и како професор-истражувач на Њујоршкиот политехнички универзитет. Таа била и вонреден професор на Стонибрушкиот универзитет во Њујорк, и работела како истражувач во AT&T Labs Research од 1999 до 2004 година. Нејзината област на истражување е архитектурата и дизајнот на виококапацитетните интернет рутери. Таа е автор на бројни трудови на конференции и списанија во областа на високо-перформансно префрлување и насочување. Таа е пронаоѓач на девет американски патенти и на една патентна пријава. Некои од овие патенти се патентирани и во Европа, Јапонија и Кина. Таа од 2003 до 2009 година била уредник за оптичко вмрежување на OSA Journal и на IEEE Communication Letters од 2005 година.

Личен живот Мајката на Александра, Владана Ликар-Смиљаниќ е позната српска илустраторка на детски книги.

Наводи

Категорија:Српски министри Категорија:Политичари од Демократската партија (Србија) Категорија:Родени во 1970 година