Каолиново () — град во Североисточна Бугарија и административен центар на Општина Каолиново во Шуменската Област. Има население од 3.260 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Градот се наоѓа во средишниот дел на Североисточна Бугарија, во областа Лудогорие. Сместен е на околу 50 км северно од регионалниот центар Шумен, на 35 км североисточно од Разград и на околу 60 км јужно од Силистра. Регионот околу градот е познат по своите наоѓалишта на каолин, по што и самата населба го добила своето име.

Историја Старото име на населбата било Шумну бохчалар (турски: Şumnu Bohçalar). Во 1934 година било преименувано во Божидар, а во 1950 година го добива сегашното име Каолиново. Ова име е избрано поради богатите наоѓалишта на висококвалитетен каолин во околината, чија експлоатација е клучна за локалната економија.

Во 1974 година, Каолиново официјално било прогласено за град. Населбата претставува важен стопански центар во регионот, каде што покрај рударството и примарната преработка на каолин, значајна улога има и земјоделството. Градот е познат и по настаните од мај 1989 година, поврзани со протестите на локалното население против т.н. „Голема екскурзија“.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Каолиново

Категорија:Населени места во областа Шумен Категорија:Градови во Бугарија