Нови Пазар () — град во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Нови Пазар во Шуменската Област. Има население од 14.600 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Градот е сместен во котлината помеѓу Шуменското, Лудогорското и Провадиското плато, во рамките на Дунавската Рамнина. Соседни градови на Нови Пазар се Каспичан и Плиска, а се наоѓа на 25 км источно од регионалниот центар Шумен. Низ градот тече Крива Река, која се влева во Провадиската Река, дел од Црноморскиот слив.

Историја Уште од длабоката антика на овие простори постоел активен живот, за што сведочат најмалку 434 експонати претставени во музејската збирка, сместена во зградата на уметничката галерија на централната градска улица. Изложбата ја прикажува културата на племената и народите кои го населувале новопазарскиот регион од старо камено доба до доцниот среден век. Бројните населби, тврдини и некрополи од античката и доцноантичката епоха, како и од периодот на Првото и Второто бугарско царство, потврдуваат дека ова подрачје отсекогаш било густо населено. Меѓу најинтересните наоди се оние од трако-римската епоха, каде што јувелирната уметност е претставена со златни накити откриени во близина на градот.www.teambulgaria.com Откриена е и римска попатна населба по име Динеја, која ги поврзувала Марцијанопол и Абритус. Во околината на градот се откриени две големи доцноантички тврдини (4 – 6 век), едната источно од градот, а другата претставува град-тврдина (близу селото Војвода). Во северниот дел на градот бил пронајден и старобугарски некропол.

Според Атанас Иширков, градот првпат се споменува во врска со походот на Владислав Варненчик во 1444 година, кога крстоносците по неколкудневна опсада го зазеле и запалиле градот, кој тогаш се наоѓал во подножјето на платото Стана и претставувал тврдина со кула.Годишник на Софијскиот универзитет 1906 – 1907 г., 141 стр. Во 16 век, двајца браќа формирале чифлици од двете страни на Крива Река и воспоставиле петочен пазар, од каде што потекнува тогашното име на градот Ени Пазар. Над населбата во правец на платото Стана се наоѓало селото Илфи ќој, чиј атар подоцна бил наследен од градот.Иван Радев во Втори годишен отчет на Варненското археологическо дружество за 1907 год., 41 стр.

Унгарскиот патешественик Георг Рагузиум во 1598 година, опишувајќи ги границите на Силистренскиот санџак, го споменува името на Нови Пазар како еден од внатрешните градови.Елена Грозданова, Стефан Андреев – Българите през XVI век. По документи од наши и туѓи архиви. Името на градот е присутно и во османлиските даночни регистри од 1620 година,Елена Грозданова – Населението на Разградско, Търговишко и Шуменско през XVII в. составени за собирање на годишниот данок џизија. На почетокот на 1667 година, Евлија Челебија поминувајќи низ Нови Пазар дава детален опис во кој известува за 150 куќи, 20 дуќани и 3 безистени, како и две џамии. На влезот на едната џамија било запишано името на мајсторот и годината 981 (1573–1574 година според христијанскиот календар), што го означува приближниот период на формирање на новиот град.Патување на Евлија Челеби од Крим преку Добруџа за Одрин и Цариград

За време на руско-турските војни од 1774, 1810 и 1828 година, градот често се споменува како место на борбени дејствија или воени логори. На 16 јуни 1774 година, одредот на грофот Каменарски го зазел градот како дел од походот на руската армија кон Шумен.Петров А. Н. – Война России с Турцией и польскими конфедератами с 1769 по 1774 гг. , т. 1 – 5. – СПб., 1866 – 1874. На 8 јули 1828 година, генерал-мајор Симански во својот дневник дава краток опис на тогашното гратче.Симанский Л. А. – Военная кампания 1828 года и «открытие» русскими Болгарии (по воспоминаниям русских офицеров) Указ. соч. // ЖРВИО. 1911. Кн. 3. С. 39. За време на Кримската војна во 1854 година, во градот била стационирана англиска единица.David Murphy – Ireland and the Crimean war. Dublin, Four Courts Press, 2002, p. 3.

Во 1840 година во градот било отворено ќелијно училиште (денес куќа-музеј). Во 1826 година во центарот на градот била изградена саат-кула, која денес е прогласена за споменик на културата. Читалиштето во Нови Пазар било основано во 1872 година. На 10 декември 1883 година со кнежевски указ бр. 1071 Нови Пазар бил прогласен за град.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Нови Пазар

Категорија:Населени места во областа Шумен Категорија:Градови во Бугарија