Американската поезија го опфаќа поетското творештво создадено во САД.
Почетоците на американската поезија
Американската поезија до Првата светска војна
Американската поезија меѓу двете светски војни
Современата американска поезија Современата американска поезија обединува различни искуства при што не се ограничува само на чувствата или на личните исповеди. Како централен мотив во неа често се јавуваат непријатените и вознемирувачки теми кои ја прават реалистична и неескапистичка. Ваквата поезија обично настанува од секојдневните искуства и ги одразува хаотичноста и брзиот тек на урбаниот живот. Современата поезија во САД често се фокусира на сликањето на емоционалната состојба предизвикана од заканувачката и град реалност при што повеќето поети ја прифаќаат состојбата на недостиг од ред и аморфноста на современиот живот. Недостигот на ред се сфаќа како културолошки белег, а неправилностите и дисфункционалноста на општеството се прифаќаат како стварност, што резултира во неконвенционалната и неправилна форма на пишување која придонесува за разновидноста на поетскиот јазик во САД. Почнувајќи од 1950-тите, се појавуваат бројни поетски школи и списанија, а издавачите почнуваат да се интересираат за поетите од маргинализираните групи: жените, Афроамериканците, хомосексуалците итн., кои помалку не се фокусираат на индивидуалното, туку на генеративните и митолошките аспекти на заедницата, на колективниот идентитет и на демократизацијата при што поезијата станува политички ангажирана. На пример, поезијата на Едриен Рич ја прикажува еволуцијата на феминистичката свест при што таа се осврнува на политичките и психолошките проблеми на САД, напаѓајќи ги симболите на моќта и привилегиите. И поезијата на Чарлс Симиќ е обележана со политиката, а светот во неговата поезија често е свет на мачењето, суровоста и очајот. Поезијата на Рита Дав, исто така, е обоена со страдање и со агонија заснована врз историските факти. Чарлс Рајт критиката го сместува во визионерската група поети, иако него го привлекува и конкретниот свет, а метафизичкото во неговата поезија се остварува низ сликите на физичкото. Покрај импресивната дескриптива моќ, тој е познат и по наративниот квалитет на песните кои је претставуваат неговата духовна автобиографија, полна со хумор и со дисконтинуитет. И Мајкл С. Харпер се осврнува на колективната историја, гледајќи ја надмоќта на белците како политика која води кон статични категории кои не носат развој. Слично на тоа, самоиспитувањето на Луиз Глик е насочено кон барањето одговор на прашањето за значењето на човештвото. Поезијата на Џој Харџо претставува испитување на американската култура од аспект на староседелците, спојувајќи ги реализмот и филозофијата на духовноста на американските староседелци. Песните на Роберт Блај, пак, често се оценуваат како чисто феноменолошки, а тој тврди дека американската поезија тргнала во погрешна насока и се противи на Елиотовата теорија за „објективниот корелатив“, приклонувајќи се кон Рилке, Лорка и Неруда. Исто така, тој е еден од бројните американски поети кои го кренале гласот против Виетнамската војна. Заедничка одлика на современите американски поети е употребата на слободниот стих, иновативниот распоред на стиховите и повеќестраните гледишта.Petar Penda, „Predgovor“, во: Petar Penda (izbor i prevod), Eight contemporary American poets – Osam savremenih američkih pjesnika (drugo izdanje). Zadužbina “Petar Kočić”, Banja Luka i Beograd, 2009, стр. 17-29.
Наводи
Категорија:Американска книжевност Категорија:Поезија