Милдред Естер Матијас (19 септември 1906 – 16 февруари 1995) — американска ботаничарка и професорка.
Била професорка на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес од 1962 до 1974 година, како и претседател на Американското друштво за таксономисти на растенија и на Американското ботаничко друштво.
Рана кариера Матијас ја започнала својата колеџ кариера во 1920-тите, и првично планирала да студира математика, но наместо тоа студирала ботаника, стекнувајќи се со диплома, магистратура и докторат на Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис на 22-годишна возраст.
Таа се омажила за Џералд Хаслер, доктор по физика, во Филаделфија во август 1930 година. Од 1932 до 1936 година, Матијас била истражувачки соработник во Њујоршката ботаничка градина, а потоа во Беркли до 1937 година со д-р Линколн Констанс за студии за морков. Нејзиното семејство се преселило во јужна Калифорнија до 1944 година.
Кариера Матијас проучувала, класифицирала и водела групи за откривање растенија низ целиот свет, од Југоисточна Азија, Австралија, Југоцентрална Африка, Амазонскиот регион, западните Соединети Американски Држави, помагајќи во популаризацијата на „екотуризмот“. Таа открила над 100 видови штитоцветни растенија. Во 1954 година, родот Mathiasella, од североисточно Мексико, бил именуван во нејзина чест.
Нејзиното прво патување во странство како пензионирана професорка било во Костарика во 1974 година и оттогаш водела 53 патувања во над 30 земји. Објавила над 200 статии и книги за своите наоди.
Маријас многу се залагала за образованието на пошироката јавност, преку раководење со ботаничката градина на КУЛА (преименувана во Ботаничка градина Милдред Е. Матијас во нејзина чест) а исто така и водела неделна телевизиска емисија на еНБиСи за градинарство заедно со д-р Вилијам Стјуарт наречена „Прекрасниот свет на украсни растенија“.
Матијас помогнала во воспоставување на Системот за природни резервати на Калифорнискиот универзитет, систем на недопрени калифорниски живеалишта што го стекнал и управувалКалифорнискиот универзитет за универзитетска настава и истражување. Таа ја промовирала заштитата на природата во Костарика, со тоа што ја создала Организацијата за тропски студии, која помага во зачувувањето на костариканските земјишта.
Награди
Награда за заслуги на Калифорнискиот совет за заштита на природата, 1962 година Жена на годината според „Лос Анџелес Тајмс“, 1964 Национална награда за зачувување на природата, 1964 година Награда за одгледувач на растенија од Тихоокеанскиот брег за извонредни достигнувања во хортикултурата, 1967 годин Награда за заслуги од Ботаничкото друштво на Америка, 1973 Награда за заслуги од Американското здружение на ботанички градини и арборета, 1976 година Медал „Либерти Хајд Бејли“ од Американското хортикултурно друштво, 1980 година Медал за чест од Градинарскиот клуб на Америка за извонреден хортикултурист кој дал придонес во областа на истражувањето и образованието, 1982 година Почесен член на Здружението за тропска биологија и заштита, 1986 Медал „Чарлс Лоренс Хачинсон“ на Чикашкото хортикултурно друштво, 1988 година Заслужен професор на годината на КУЛА, 1990 Истакнат економски ботаничар од Друштвото за економска ботаника, 1993
Наводи
Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Родени во 1906 година Категорија:Жени ботаничарки Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Американски ботаничари