Артур Хенри Реџиналд Бјулер ( – ) — британско-канадски миколог и академик. Тој е главно познат како истражувач на габи, особено на габичната болест пченична 'рѓа.
Тој е познат и по пишување хумористична поезија.
Академска кариера Роден во Мозли, Бирмингем, Англија, се школувал на колеџот Квинс во Тонтон. Потоа студирал на колеџот Мејсон, кој подоцна станал дел од Универзитетот во Бирмингем (диплома по природни науки во 1896 година), на Универзитетот во Лајпциг (докторат) и на Универзитетот во Минхен. Добил титула доктор по природни науки од Универзитетот во Бирмингем. Кратко работел за зоолошката станица во Неапол. Од 1901 до 1904 година, бил предавач по ботаника на Универзитетот во Бирмингем. Се преселил во Канада во 1904 година, го основал Одделот за ботаника и бил првиот професор по ботаника и геологија на Универзитетот во Манитоба, а бил и раководител на Одделот за ботаника до неговото пензионирање во 1936 година.
Неговата книга „Есеи за пченицата“ (1919) е за раната историја на одгледувањето пченица во Манитоба, одгледувањето пченица во западна Канада, откривањето и воведувањето на пченицата Маркиз, потеклото на сортите пченица Ред Бобс и Киченер и дивата пченица во Палестина. Тој напишал и илустрирал серија од 7 тома „Истражувања за габите“ објавена во 6 тома од 1909 до 1934 година, а седмиот том е објавен постхумно во 1950 година.
Наводи
Категорија:Американски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американско ботаничко друштво Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Членови на Кралското друштво на Канада Категорија:Британски миколози Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Родени во 1874 година