Езра Џејкоб Краус ( — ) — американски ботаничар и хортикултурист. Краус бил роден во округот Ингам, Мичиген и дипломирал на Државниот земјоделски колеџ во Мичиген во 1907 година. Предавал хортикултура на Државниот колеџ во Орегон (сега Државен универзитет во Орегон) неколку години пред да докторира по ботаника на Универзитетот во Чикаго во 1917 година. Тој се вратил во Државниот универзитет во Орегон каде што работел како декан на Одделот за основни уметности и науки (1917–1919), а во 1919 година бил вработен на Универзитетот во Висконсин, каде што предавал ботаника до 1927 година. Потоа предавал ботаника пак на Универзитетот во Чикаго, каде што бил претседател на одделот од 1934 до 1947 година и официјално се пензионирал од универзитетот во 1949 година, по што станал гостин-професор на Државниот колеџ во Орегон. Починал во 1960 година во Корвалис.
Наводи
Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американско ботаничко друштво