Хорозлу (, Кастанитис; до 1926 г. Χορουσλού, Хоруслу) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 5 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа северно од Крстополе и 44 км северозападно од Скеча, југоисточно од Горна Козлуџа, во падините на Западните Родопи, под врвот Амбар Каја (1.441 м), на надморска височина од 480 м.

Историја Во XIX век Хорозлу било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото селото броело 420 жители, кои во 1920 г. се свеле на 281 лице.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 40 бегалски семејства (вкупно 137 бегалци) од Понд и Мала Азија, така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Кастанитис (Καστανίτης), по костеновите дрвја, кои ги има во изобилство во околината.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)