Александер Манингер (роден на 4 јуни 1977 година во Салцбург - починал на 16 април 2026 во Нусдорф на Хаунсберг) — австриски поранешен фудбалер, голман.
Биографија Пред да игра фудбал, Манингер бил столар. Откако се пензионирал од професионалниот фудбал, тој се фокусирал на работата во мебелот и недвижностите.
Манингер бил оженет со Емили со која имал два сина Александер и Николас.
Тој починал прерано во 2026 година, на 48-годишна возраст, во сообраќајна несреќа во Нусдорф на Хаунсберг, во близина на Салцбург, откако неговиот автомобил бил удрен од воз додека преминувал преку необележан рамен патно-железнички премин. Тој го преживеал ударот, но починал од повредите набргу откако пристигнале болничарите.Schwerer Lokalbahn-Unfall in Nußdorf: Auto mehrere Meter mitgeschleift – Ex-ÖFB-Goalie Manninger tot
Технички карактеристики Манингер бил познат по неговата способност за бранење удари, конзистентност, сигурно фаќање на топката и позиционирање како голман, но бил помалку ефективен при излегувањето од петерецот и фаќање на центаршутеви. На почетокот на неговата кариера, тој се сметал за добар резервен голман, но повремено бил обвинуван од страна на стручњаците дека нема способност да се справи со притисокот, што му било потребно за да успее да ја преземе стартерската улога. Покрај набројаното, тој се издвојувал и по својата професионалност.
Клупска кариера Почетоци и годините во Австрија Манингер израснал во младинските редови на Салцбург, од каде во 1995 година се преселил на позајмица во Форвертс Штајр, каде што го направил своето деби во професионалниот фудбал. Следната година, тој првично се вратил во Салцбург, каде што бил трет голман во тимот воден од Ото Бариќ, зад Ото Конрад и Херберт Илсанкер, пред да го помине остатокот од сезоната во ГАК каде што одиграл 23 натпревари, а исто така, го направил и своето деби на европската сцена, дебитирајќи во Купот на УЕФА на Сан Сиро против .
Арсенал и Фјорентина После добрата сезона во ГАК, на само дваесетгодишна возраст, тој добил шанса да се пресели во во летото 1997 година, каде што бил втор голман зад искусниот Дејвид Симан. За време на сезоната 1997–1998, Симан се повредил, а Манингер успешно го заменил, уживајќи во шест последователни натпревари без примен гол во првенството, што е изедначен клупски рекорд. Последниот од тие натпревар бил дербито против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, кое Арсенал го добил со 1–0. Во март 1998 година, тој бил прогласен за Играч на месецот во Премиер лигата. Сепак, Манингер морал да му отстапи место на Симан откако ветеранот се вратил од повредата. И покрај тоа што одиграл само седум натпревари во Премиер лигата (тогаш биле потребни десет за автоматски да се квалификува за победнички медал), на Манингер му било дадено посебно ослободување за добивање медал, бидејќи неговиот придонес во освојувањето на титулата на Арсенал се сметал за доволно значаен. Тој, исто така, имал и пет настапи на патот на „топџиите“ до титулата во ФА купот. Неговиот момент на славата во ова натпреварување се случил во преигрувањето на четвртфиналниот натпревар против Вест Хем Јунајтед; натпреварот бил одлучен дури по изведување на пенали, каде Манингер го одбранил ударот на Ејал Берковиќ и го однел Арсенал во полуфиналето.
Манингер продолжил да биде замена за Симан и во следните три сезони, играјќи 64 натпревари за Арсенал четирите поминати сезони во клубот.
Во 2001 година, тој го напуштил Арсенал и се преселил на позајмица во Италија, во . Сезоната ја започнал како втор голман зад Џузепе Таљалатела, а своето деби во Серија А го направил на 14 октомври 2001, во поразот од со 4-1. Од тој момент Манингер станал прв голман на Фјорентина и бранел во следните 24 првенствени натпревари, пред повторно Таљалатела да се врати меѓу стативите за последните неколку првенствени натпревари.
Еспањол, Торино, Болоња и Сиена Во 2002 година Манингер се преселил во Шпанија, купен од , но со дресот на Каталонците никогаш не излегол на терен, па во текот на истата сезона се вратил во Серија А, овојпат во , каде што одиграл 3 натпревари.
Во летото 2003 година, тој потпишал за , но ниту во Емилија-Ромања немал среќа да биде стартер, преседувајќи ја целата сезона на клупата како резерва за ветеранот Џанлука Паљука.
Следната година, тој бил купен од ; сепак, тој бил одбиен од тренерот на тимот, Џани Де Бјази, веднаш по неговото пристигнување, па од таму се преселил во , каде за разлика од претходните искуства, успеал пронајде простор за игра. Интересно е тоа што, токму во натпреварот против Бреша (загубен со 2-3), Манингер се истакнал забележувајќи асистенција за голот на Енрико Кјеза и тоа проигрувајќи го напаѓачот од својата половина.
Салцбург и враќање во Сиена Во сезоната 2005-2006, тој се вратил во својата татковина, во Салцбург, но новите тренери Џовани Трапатони и Лотар Матеус го засениле него, како и некој други играчи во тимот.
Во летото 2006 година, тој повторно дошол на позајмица во Сиена, каде што играл две сезони како прв избор на голман, и имал неколку впечатливи моменти, како што била одбраната на пеналот на Марко Матераци на 11 мај 2008 година, што спречила Интер предвреме да го освои скудетото.
Јувентус
На 16 јули 2008, тој се преселил од Салцбург во , за сума од приближно 500.000 евра; сепак, тој немал шанса да дебитира во дресот на фриулијанците бидејќи во истиот преоден рок, за 680.000 евра, пристигнува во , каде што играл четири сезони.
Тој го имал своето деби за клубот од Торино на 21 септември, влегувајќи во игра на почетокот од второто полувреме од првенствениот натпревар против , заменувајќи го повредениот Џанлујџи Буфон; поради отсуството на стартниот голман, Манингер одиграл добар дел од првата половина од сезоната 2008-2009, забележувајќи вкупно 23 настапи помеѓу Серија А, Купот Италија и Лигата на шампионите. Дури и во следната сезона, тој често го заменувал Буфон и бил повикан во акција во 14 наврати помеѓу првенството и куповите.
Во сезоната 2010-2011, со оглед на доаѓањето на Марко Сторари како прва резерва на Буфон, австриецот бранел само во натпревари од Лига Европа, каде што имал 6 настапи. Во последната сезона во Торино, кога „бјанконерите“ останале без учество во европските натпреварувања, Манингер бил префрлен во улогата на трет голман и немал никакви настапи, и покрај тоа што бил ценет од тренерот Антонио Конте за неговиот професионализам. На 6 мај 2012 година, тој го освоил своето прво скудето во кариерата со Јувентус, по што го напуштил клубот по истокот на неговиот договор на 30 јуни 2012.
Аугсбург и Ливерпул По четири месеци без клуб, Манингер потпишал за клубот од Бундеслигата, Аугсбург, за да го замени повредениот прв голман на клубот Симон Јенч. Своето деби за баварскиот клуб го направил во Купот на Германија, во домашниот натпревар против Бајерн Минхен одигран на 18 декември 2012 година. За Аугсбург играл до 2016 година, забележувајќи 38 настапи во сите натпреварувања.
Во текот на јули 2016 година, Манингер тренирал со Ливерпул за да ја одржи својата физичка подготвеност, по што на 22 јули 2016 година, тој потпишал краткорочен договор со клубот од Мерсисајд и имал два настапи во предсезонските пријателски натпревари. По една сезона без настапи во официјални натпреварувања, на крајот од истата, на 25 мај тој го објавил своето пензионирање од фудбалот на возраст од 37 години.
Репрезентативна кариера Откако бил член на младинските репрезентации под 18 и под 21 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на Австрија на 18 август 1999 година, во пријателски натпревар против кој завршил без голови (0-0). Тој направил 33 настапи за австриската репрезентација во деценијата од 1999 до 2009 година; бил повикан во составот на репрезентацијата за Европското првенство 2008 одржано во Австрија и Швајцарија, каде бил втор голман зад стартерот Јирген Махо.
Хронологија на репрезентативните настапи
После фудбалот Откако ја завршил неговата играчка кариера, тој го напуштил светот на фудбалот за да се пензионира во австриските планини, работејќи го столарскиот занает кој го научил во младоста.
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1995-јан. 1996 Форвертс Штајр БЛ 5 -16 КА 2 -1 - - - - - - 7 -17 јан.-јун. 1996 Салцбург БЛ 1 0 КА 0 0 - - - - - - 1 0 1996-1997 ГАК БЛ 23 -24 КА 2 -4 КУ 2 -1 - - - 27 -29 1997-1998 ПЛ 7 -4 ФАКуп+ЛК 5+4 -4+ -5 КУ 0 0 - - - 16 -13 1998-1999 ПЛ 6 -2 ФАКуп+ЛК 2+2 -3+ -6 ЛШ 0 0 ЧШ 0 0 10 -11 1999-2000 ПЛ 15 -16 ФАКуп+ЛК 1+1 -1+ -2 ЛШ+КУ 4+2 -4+ -5 ЧШ 1 -1 24 -29 2000-2001 ПЛ 12 -15 ФАКуп+ЛК 0+00+ -0 ЛШ 2 -6 - - - 14 -21Вкупно Арсенал 40 -37 15 -21 8 -15 0 0 64 -74 2001-2002 А 24 -39 КИ 0 0 КУ 6 -6 - - - 30 -45 2002-јан. 2003 ПД 0 0 КШ 0 0 - - - - - - 0 0 јан.-јун. 2003 А 3 -5 КИ 0 0 - - - - - - 3 -5 2003-2004 А 0 0 КИ 4 -7 - - - - - - 4 -7 2004-2005 А 19 -29 КИ 2 -5 - - - - - - 21 -34 2005-2006 БЛ 16 -22 КА 0 0 - - - - - - 16 -22Вкупно Салцбург 17 -22 0 0 - - - - 17 -22 2006-2007 А 38 -45 КИ 2 -3 - - - - - - 40 -48 2007-2008 А 26 -28 КИ 0 0 - - - - - - 26 -28Вкупно Сиена 83 -102 4 -8 - - - - 87 -110 2008-2009 А 16 -11 КИ 2 -2 ЛШ 5 -3 - - - 23 -16 2009-2010 А 11 -19 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 0+2 0+ -1 - - - 14 -20 2010-2011 А 0 0 КИ 0 0 ЛЕ 5 -7 - - - 5 -7 2011-2012 А 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0Вкупно Јувентус 27 -30 3 -2 12 -11 - - 42 -43 nov. 2012-2013 БЛ 12 -17 КГ 1 -2 - - - - - - 13 -19 2013-2014 БЛ 13 -22 КГ 1 0 - - - - - - 14 -22 2014-2015 БЛ 9-15 КГ 0 0 - - - - - - 9 -15 2015-2016 БЛ 2-3 КГ 0 0 - - - - - - 2 -3Вкупно Аугсбург 36-57 2 -2 - - - - 38-56 2016-2017 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+00+ -0 - - - - - - 0 0Вкупно во кариерата258-332 32 -45 28 -33 1 -1 319 -411
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Австрија199930200020200130200260200440200610200760200870200910Вкупно330
Титули Клупски Арсенал Премиер лига : 1 1997-1998 ФА куп : 1 1997-1998 ФА Черити Шилд : 2 2018, 2019
Јувентус Серија А : 1 2011-2012
Поединечни Играч на месецот во Премиер лигата на Англија : Март 1998
Наводи
Надворешни врски
Алекс Манингер на soccerway Алекс Манингер на transfermakt Алекс Манингер на espn Алекс Манингер на whoscored
Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Починати во 2026 година Категорија:Австриски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Салцбург Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Бреша Категорија:Фудбалери на ФК Сиена Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А