мини|Чаури и семиња

Жолта каменоломка () — цветно алпско растение од родот каменоломки во семејството на каменоломките (Saxifragaceae).

Опис и распространетост Ова е зимзелено повеќегодишно тревесто растение високо 5-20 (25) см. Има многу разгранети и најчесто полегнати стерилни гранчиња при основата, покуси од цветните. Цветно стебло е високо до 25 см, во основата лачно свиено, понатаму исправено, со густи спирално распоредени листови; долниот дел е речиси гол, горниот дел има жлездести и едноставни влакна. Листовите се тесно-копјести, долги 10-25 мм, широки 2-4 мм, целосни, месести, полукружни во пресек, голи, на врвот заострени; во основата или по должина со ретки влакна по работ, а на врвот со 1-3 хидатоди со наслоен варовник. Цветовите на врвот образуваат цимозно соцветие со 5-10 цветови; дршките 2-3 пати подолги од цветовите. Цветовите се жолто-зелени. Чашка е долга 4-5 мм; чашкините ливчиња долги 3-4 мм, голи, триаглесто-елиптични. Венечни ливчиња се светложолти, долги 3-6 мм, често со темни точки, тесно-елиптични. При развој на полупотцветниот плодник, чашкините ливчиња, венечните ливчиња и филаментите се зголемуваат.

Расте на влажни места, крај извори и потоци во субалпски и алпски појас. Забележана на Шар Планина и Кораб.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Saxifraga aizoides — Фото галерија на Калифорнискиот универзитет

Категорија:Каменоломка Категорија:Планински растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Алпите Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Гренланд Категорија:Флора на Европа