Варненско Езеро () е најголемиот по волумен и најдлабок лиман или езеро долж бугарското приморје. Од морето е одвоено со песочен појас широк 2 км. Има површина од 19 км2, максимална длабочина од 19 м и волумен од 166 милиони м3.

Карактеристики Езерото има издолжена форма во правец запад-исток, со вкупна должина од околу 15 км и ширина која варира од 0,5 км во најтесните делови до 4,6 км во најшироките. Неговата максимална длабочина изнесува 19 метри, што го прави најдлабокиот лиман на бугарскиот брег.

Главни физички карактеристики: Површина: 19 км2 Волумен: 166 милиони м3 Длабочина: просечна 10 м, максимална 19 м Салнитет: Водата е соленкаста поради мешањето на свежата вода од реките и морската вода од каналите. Салнитетот се движи од 8‰ на површината до 12‰ во подлабоките делови.

Јужните брегови на езерото се карактеризираат со стрмни и пошумени падини, додека северниот брег е значително поблаг и поразвиен во однос на индустриската и транспортната инфраструктура. Дното е прекриено со дебел слој тиња, а во најдлабоките делови се забележува присуство на водород сулфид, што е типично за затворените водени басени во црноморскиот регион.

Варненското Езеро било формирано во речна долина со подигнување на нивото на морето при крајот на плеистоценот. Неговото дно е покриено со дебел алувиум од тиња и водород сулфид во најдлабоките делови; постојат големи наоѓалишта на лековита кал (фанго). Во езерото се влеваат неколку реки, вклучувајќи ги Девња и Провадиска, кои се влеваат во близина на западните брегови на Белославско Езеро, кое пак е поврзано со Варненското Езеро.

До 20 век, свежата вода од езерото се влевала во Црно Море преку реката Девња, но по изградбата на модерното Пристаниште Варна-Исток (и последователното пресушување на реката), низ песочниот појас помеѓу морето и езерото бил прокопан канал во периодот од 1906 до 1909 година. Ова довело до паѓање на нивото на езерото за 1,40 м и навлегување на морска вода, со што езерото станало солено.

Во 1976 година, кога започнал со работа новиот канал длабок 12 м преку кој поминува Аспарухов мост, езерото било продлабочено по текот на каналот. Друг пловен канал на запад води низ соседниот Белославски лиман до пристаништето Варна - Запад и железничкиот фериботски терминал. Неколку помали специјализирани пристаништа се наоѓаат на северниот брег на езерото, меѓу кои пристаништето Леспорт и пристаништето на ТЕЦ Варна. Индустријализацијата се случила на сметка на репутацијата на езерото како богато риболовно подрачје кое издржувало човечки населби речиси 100.000 години.

Варненската некропола, каде што е пронајдено најстарото златно богатство во светот, се наоѓа во близина на северниот брег, додека градот Варна е сместен на неговиот источен крај. Исто така, долж северниот брег се наоѓаат селата Казашко и Езерово, а селата Звездица и Константиново го надгледуваат езерото од јужните висорамнини.

Литература

Надворешни врски Панорамска фотографија од селото Казашко на брегот на Варненското Езеро Фотографии од Варненското Езеро

Наводи Категорија:Езера во Бугарија Категорија:Варна