Пол Хамилтон Ален (роден на година во Енид, Оклахома - починал на година во Њу Орлеанс, Луизијана) — американски ботаничар познат по својата работа за екологијата на Средна Америка, систематиката на орхидеи и економски важните видови, вклучувајќи ги и бананите. Тој бил во брак со поранешната Дороти Осдик од Кирквуд, Мисури.
Ален бил роден во Енид, Оклахома. Со завршено само средно образование, тој станал ученик-чирак во Ботаничката градина на Мисури во Сент Луис, Мисури.
Панама Почнувајќи од крајот на 1934 година, Ален учествувал заедно со Керол Вилијам Доџ, Џулијан Стејермарк и А. А. Хантер во шестмесечна експедиција за собирање растенија во Панама. Кон крајот на 1936 година, тој се вратил во Панама како трет управител на Тропската станица на Мисуската Ботаничка Градина, која била основана во 1927 година по донација од 7.000 растенија од орхидејската градина на Чарлс Пауел. Пауел бил и првиот управител на оваа Тропска станица. Кога Ален пристигнал во Панама како дел од експедицијата 1934–1935 година, А. А. Хантер веќе бил втор управител на Тропската станица и истовремено работел како поштар во Балбоа. По неговата смрт во 1935 година, неговата сопруга, Мери Хантер, привремено ја презела управата додека не се најде соодветна замена. Ален бил избран како таа замена. Тој бил третиот и последен управител на Тропската станица и ја извршувал оваа функција сè до 1 март 1939 година, кога станицата била пренесена под управување на Владата на Панама. За време на своето речиси 13-годишно постоење, Тропската станица континуирано ги снабдувала стаклениците во Сент Луис со живи растенија. На 1 март 1939 година, Ален бил заеднички ангажиран од Одделот за здравство и од Експерименталните градини на Каналската зона. Неговата работа била поделена: пет дена неделно работел за Одделот за здравство, а еден ден неделно, како и дополнително време кога било потребно, ја планирал и надгледувал работата на реорганизираните Балбоа орхидејски градини, кои станале дел од Експерименталните градини на Каналската зона.
На 21 септември 1939 година, Ален бил преместен од Одделот за здравство на позицијата супервизор на култивација, функција која била празна три години. Неговата работа наскоро се проширила и на обезбедување на потребите за хортикултура на Американската војска во рамките на нејзината програма за проширување на одбраната на Панамскиот Канал.
Помеѓу 1937 и 1947 година, под покровителство на Ботаничка Градина Мизури, тој учествувал во 17 експедиции во шумите на Панама и собрал над 7.000 растителни видови. Ален бил опишан како еден од најпрецизните и најтемелни собирачи што некогаш работеле во Средна Америка. Невозможно е да се наведат сите нови видови од фамилијата орхидеи што тој ги открил, како и сите видови што биле именувани во негова чест. За време на Втората светска војна, Ален бил еден од ретките американски ботаничари со обемно искуство во тропските области.
Тој подготвил научен труд за „отровните и штетните растенија на Панама“, кој бил објавен во списанието Американски журнал за тропска медицина во 1943 година. По завршувањето на Втора светска војна, Ален го завршил својот научен преглед на фамилијата орхидеи (Orchidaceae) за делото Флора на Панама, пред да се приклучи на компанијата Јунајтед Фрут во Костарика.
Оваа работа довела до објавување на неговата книга Џунглите на Голфо Дулче.
Потоа тој бил директор на Ботаничката градина „Ферчилд Тропикал“ од 1953 до 1954 година, по што се вратил во Средна Америка за да предава на Земјоделското училиште на компанијата „Јунајтед Фрут“, Ескуела Агрикола Панамерикана, во близина на Тегусигалпа во Хондурас. Ален спровел истражување за шумските ресурси на Ел Салвадор и го основал хербариумот „Пол К. Стендли“.
Во 1959 година се вратил во истражувачкиот оддел на компанијата „Јунајтед Фрут“, каде што станал директор на Експерименталната станица „Лансетила“. Во 1959 година компанијата „Јунајтед Фрут“ започнала голем проект за селекција и размножување на банани. Ален и холандскиот ботаничар Ј. Ј. Оксе биле избрани да ги водат експедициите за собирање растителен материјал во Југоисточна Азија и западниот дел на Тихиот Океан. Помеѓу 1959 и 1961 година тие собрале речиси 800 примероци (акцесии) од диви и култивирани видови и сорти на банани од Тајван, Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд и Шри Ланка. Оваа колекција била опишана од ботаничарот и собирач на растенија Вилсон Попено како „една од најголемите и најуспешните во историјата на воведување нови растителни видови“. Ален потоа се вратил во Хондурас, каде што работел на сортирање и класификација на собраните колекции. Тој исто така изработил анотирани листи со стотици вообичаени имиња на растенија. Голем дел од оваа работа сè уште бил во тек во моментот на неговата смрт во 1963 година. Тој починал од рак во 1963 година, на врвот на својата кариера.
Неговата колекција од генетски материјал од банани (гермплазма) и денес претставува основа за програмата за селекција и одгледување на Фондацијата за земјоделски истражувања на Хондурас. Aлен има авторски придонес во таксономскиот опис на 73 растителни видови, подвидови и вариетети, со посебен фокус на фамилијата на орхидеи (Orchidaceae). Тој доставил илјадници хербариумски примероци за научно проучување, кои биле користени од различни ботаничари ширум светот. Pоради неговиот голем научен придонес, бројни растителни видови од различни фамилии биле именувани во негова чест. Трудовите на Ален се чуваат во Институтот Хант за ботаничка документација при Универзитетот Карнеги Мелон, заедно со уметничките дела од неговата сопруга, Дороти. Вид на средноамерикански саламандер, Oedipina alleni, е именуван во чест на Пол Х. Ален. xiii + 244 pp.
Наводи
Категорија:Починати во 1963 година Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Американски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки