Готхелф Фишер фон Валдхајм (; роден на во , Саксонија - починал на во , Руско Царство) — саксонски анатомист, ентомолог и палеонтолог кој го поминал поголемиот дел од својот возрасен живот во Русија.

Фишер бил роден како Готхилф Фишер во Валдхајм, Саксонија, како син на ткајач на лен. Студирал медицина во Лајпциг. Патувал во Виена и Париз со својот пријател Александар фон Хумболт и студирал кај Жорж Кивје. Станал професор во Мајнц, а потоа во 1804 година станал професор по природна историја и директор на Природонаучниот музеј Демидов на Московскиот универзитет. Во август 1805 година, го основал Московското друштво на натуралисти. Фишер бил избран за странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките во 1812 година и за член на Американското филозофско друштво во 1818 година.

Фишер главно се занимавал со класификација на безрбетници, чиј резултат била неговата „Ентомографија Империи Росици“ (1820–1851). Тој, исто така, поминал време проучувајќи фосили од областа околу Москва.

Поради неговата работа на проучување на инсектите во Русија, руската влада му доделила благородништво, како и наставката „фон Валдхајм“ на неговото презиме.

Наводи

Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Германски палеонтолози Категорија:Германски ентомолози Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Починати во 1853 година Категорија:Родени во 1771 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки