мини|Портрет на Џон Алсоп Пејн Џон Алсоп Пејн (14 јануари 1840 – 24 јули 1912) — презвитеријански свештеник, ботаничар, картограф, професор по природонаука и германски јазик, археолог и уредник.
Дипломирал во 1859 година на универзитет Хамилтон, а магистрирал на Андовер Семинаријата. Од 1862 до 1865 година живеел во Јутика, Њујорк, и работел како ботаничар за одборот на регенти на Универзитетот на државата Њујорк. Во 1867 година положил за презбитеријански свештеник на семинаријата Андовер. По неговото положување, од 1867 до 1869 година бил професор по природни науки во христијанската мисионерска институција Роберт колеџ во Истанбул. Од 1869 до 1870 година студирал во Универзитетот во Хале и во Универзитетот во Лајпциг.
Пејн бил картограф, цртајќи ги мапите за Адамсовата синхронолошка карта или мапа на историјата која била објавена во 1871 година.
Од 1870 до 1871 година, Пејн предавал природонаука и германски јазик во Универзитетот Лејк Форест во Илиноис. Од 1871 до 1872 година бил заменик-уредник на Индипендент. Од 1872 до 1874 година бил археолог и натуралист во Американското друштво за истражување на Палестина, работејќи во вилаетот Сирија, во регионот веднаш источно од реката Јордан и Мртвото Море. Во 1874 година добил почесен докторат од колеџот Хамилтон како признание за неговото истражување во Палестина. Се оженил со вдовицата Ема Софија Њутн, моминско презиме Жилет, во Гловерсвил, Њујорк, во октомври 1877 година.
Пејн објавил неколку дела, од 1885 до 1889 година, во „Весник на Американското ориентално друштво“ . Се пензионирал од Метрополитен музеј на уметност во февруари 1906 година.
Џорџ Џонсон Њутн (роден 1866 година) беше негов посинок. Џон Алсоп бил лекар и претседател на Медицинското друштво на округот Есекс од 1838 до 1841 година.
Наводи
Категорија:Апсолвенти на Лајпцишкиот универзитет Категорија:Починати во 1912 година Категорија:Родени во 1840 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари