десно|мини|290x290пкс|Мирко Видовиќ Мирко Видовиќ (роден во Била во близина на Ливно, 31 декември, 1940 година, починал во Валенсија на 13 октомври 2016 година). Видовиќ бил хрватски писател од Босна и Херцеговина.

Рана младост и образование Основно училиште посетувал во родното село Била, во близина на Ливно, во периодот 1947-1951 година, а нижо средно училиште во периодот 1952-1955 година во Оџак и Босански Шамац. Тогаш за прв пат неговото име се појавило како соработник на Сараевске мале новине. По завршувањето на основното училиште, се запишал во гимназијата „Св. Крањчевиќ“ во Ливно. Како ученик во второ одделение учествувал на анонимен натпревар на списанието Ослобоѓење за научно-фантастична приказна, освојувајќи ја првата награда, со што го означил почетокот на животот на Видовиќ како литературен творец.

По завршувањето на гимназијата во Ливно, поради неможноста да се запише на Архитектонскиот факултет во Загреб поради финансиски тешкотии, тој се запишал на Филозофскиот факултет во Задар . Дипломирал со највисока диплома во декември 1964 година.

Наводи

Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1940 година Категорија:Хрватски писатели