Хусеинќој или Горно Хусеинќој (, Јонико; до 1928 г. Χουσεΐν Κιόι, Хусеин Ќој) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 23 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа 38 км северозападно Скеча и 55 км источно од Драма, во падините на Западните Родопи, непосредно до државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), на надморска височина од 240 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во минатото, Хусеинќој било македонско село и се нарекувало Ботишево. По наредба на султан Махмуд I, пролетта 1705 г. тука биле колонизирани поголем број Турци од Мала Азија, кои присилно го протерале македонското население. Оттогаш, селото е познато како Хусеинќој.

Кон крајот на XIX век Хусеинќој било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 490 жители, кои во 1920 г. се свеле на 403 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 96 бегалски семејства (вкупно 461 бегалец), така што селото станало чиста бегалска населба. За дел од нив била подигната новата населба Долно Хусеинќој, која се наоѓа непосредно до старото село, на пониска надморска височина.

Во 1928 г. селото е преименувано во Јонико (Ιωνικό).

Стопанство Населението произведува тутун, жито, пченка, фуражни и други култури, а внимание му посветува и на сточарството.

Население

Наводи

Забелешки

Категорија:Скеча (општина)