Горна Студена () — село во Северна Бугарија. Административно припаѓа на општина Свиштов, Великотрновска област. Има население од околу 349 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Селото Горна Студена се наоѓа во средниот дел на Дунавската Рамнина, на околу 22 км јужно од оптинскиот центар Свиштов и на 55 километри северно од регионалниот центар Велико Трново. Соседни населени места се селата Овча Могила – околу 7 км на запад, Александрово – околу 5 км на североисток, Масларево – околу 9 км на исток и Караисен – околу 4 км на југ. Селото спаѓа во зона со умереноконтинентална клима.Енциклопедија „Бугарија“, том 2, стр. 136, Издателство на БАН, Софија, 1981 г.

Историја За време на Руско-турската војна (1877–1878), во Горна Студена се наоѓал Главниот стан на рускиот император Александар II. Денес во селото постои музеј посветен на овие историски настани.

Култура Музеј на „Главниот стан на Руската армија од 1877 г.“; Народно читалиште „Просвештение“ основано во 1896 година.

Редовни настани Собор на селото — се одржува секоја година во последната седмица од месец октомври.

Спорт Фудбалскиот клуб на селото се вика ФК Горна Студена. Клубот има долга традиција во локалните фудбалски првенства на Великотрновската област.

Наводи

Надворешни врски Страница за Горна Студена на официјалниот сајт на Општина Свиштов

Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во Општина Свиштов