Долна Студена () — село во Северна Бугарија. Административно припаѓа на општина Ценово, Русенска Област. Има население од околу 779 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во долниот тек на реката Јантра, во северниот дел на Дунавската Рамнина. Долна Студена е сместена на главниот пат кој ги поврзува градовите Русе и Велико Трново. Селото се наоѓа на 9 километри југоисточно од општинскиот центар Ценово и на околу 55 километри од регионалниот центар Русе.
Историја При избувнувањето на Првата балканска војна, едно лице од селото Долна Студена било доброволец во Македонско-одринското ополчение.Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 843.
Култура Црква „Света Петка“, изградена во средината на 19 век; Народно читалиште „Просвета“, основано во 1901 година, кое е центар на културниот живот и фолклорните традиции во селото.
Редовни настани Собор на селото — традиционално се одржува секоја година во последната седмица на месец октомври или околу празникот Петковден.
Спорт Фудбалскиот клуб на селото се вика ФК Дунав и се натпреварува во регионалната фудбалска група на Oбласт Русе.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на Општина Ценово
Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во Општина Ценово