мини|339x339пкс|Ричард Спрус во 1864 година, фотографирано по неговото враќање од Бразил

Ричард Спрус (роден на - починал на година) — англиски ботаничар кој специјализирал во бриологија. Како еден од големите викторијански ботанички истражувачи, Спрус поминал 15 години истражувајќи го Амазон од Андите до неговото устие и бил еден од првите Европејци кои набљудувале многу од местата каде што собирал примероци. Спрус открил и именувал голем број нови растителни видови и се допишувал со некои од водечките ботаничари од 19 век.

Ран живот и кариера Ричард Спрус бил роден во близина на Ганторп, мало село во близина на Хавардскиот замок во Јоркшир. По школувањето кај својот татко, кој работел како локален учител, Спрус започнал кариера како тутор, а потоа и како математички мајстор во училиштето „Свети Петар“ во Јорк помеѓу 1839 и 1844 година.

Спрус го започнал своето ботаничко собирање во Јоркшир околу 1833 година. Во 1834 година, на 16-годишна возраст, тој составил уредно напишан список на сите растенија што ги пронашол на патувања низ Ганторп, фокусирајќи се на бриофитите. Подредени по азбучен ред и содржејќи 403 видови, собирањето и именувањето биле првиот голем придонес на Спрус во месната ботаника. Три години подоцна тој составил „Список на флората на округот Малтон“ што содржи 485 видови цветни растенија. Неколку од локалитетите на Спрус за поретките растенија се дадени во „Флората на Јоркшир“ од Хенри Бејнс, објавена во 1840 година.

Во 1842 година, Спрус го посетил Томас Тејлор, ирски ботаничар кој го споделил неговиот интерес за бриофити. Во 1844 година, неговиот труд на тема „Мовот и џигерниците на Тисдејл“, резултат на тринеделна екскурзија, ја покажал неговата вештина во пронаоѓањето и распознавањето на ретки видови. Во Бејнсовата „Флора на Јоркшир“ биле регистрирани само четири мовови од Тисдејл. Спрус го зголемил рекордот на 167 мовови и 41 џигерници, од кои шест мовови и еден џигерник (листостеблени) биле нови во Британија.

мини|Споменик на куќата во Конисторп (Северен Јоркшир) каде што Спрус ги поминал последните години од животот

Во април 1845 година, тој објавил во Лондонскиот журнал за ботаника описи на 23 нови британски мовови, од кои околу половина самиот ги открил. Истата година го објавил и својот „Јоркширов список на мовови и џигерници“ во списанието Фитологот. Списокот вклучувал 48 мовови нови во англиската флора и уште 33 нови во Јоркшир.

Спрус го привлекол вниманието на Вилијам Џексон Хукер, директор на Кралските ботанички градини во Кју, и бил препорачан за колекционерска експедиција бо Пиринеите, која ја презел во 1845–1846 година. Во 1846 година објавил „Белешки за ботаниката на Пиринеите“, а потоа напишал и потехничка статија, „Мовови и џигерници на Пиринеите“, објавена во 1849 година.

Експедиција во Јужна Америка Откако Спрус ги докажал своите ботанички вештини на Пиринеите, Хукер предложил многу попредизвикувачка експедиција во Бразил. Истакнатиот ботаничар Џорџ Бентам дејстувал како брокер и распространувач на сите примероци испратени назад во Англија. И покрај неговото кревко здравје, Спрус го прифатил предлогот и поминал една година во Кју запознавајќи се со тропската ботаника. Спрус пристигнал во Пара на бродот „Британија“ на 12 јули 1849 година и патувал по реката Амазон до Сантарем, каде што за прв пат се сретнал со двајца други млади натуралисти кои го истражувале Амазон, Алфред Расел Волес и Хенри Волтер Бејтс. Двајцата подоцна добро познати по својата работа за природно одбирање, Волас и Бејтс патувале по притоките на Амазон, повремено пресретнувајќи ги патеките со Спрус и споделувајќи информации со него. Во првите две години од неговата експедиција, Спрус пешачел по целата должина на реката Тромбетас до Британска Гвајана, преминувајќи го Рио Негро до Манаус.

Растенијата и предметите собрани од Спрус од 1849 до 1864 година (главно во Бразил, Еквадор и Перу) претставуваат важен ботанички, историски и етнолошки ресурс и се индексирани во Њујоршката ботаничката градина, во Кралските ботанички градини во Кју, Лондон, во Тринитиевиот колеџ во Даблин и на Манчестерскиот универзитет. Кон крајот на својата експедиција низ Јужна Америка, Спрус го проучувал домородното одгледување на цинхона во Андите на Перу, а потоа успешно извезувал семиња и млади растенија по барање на владата на Индија. Растението се одгледувало за производство на кинин, лек што се користи за спречување на маларија.

Подоцнежен живот До времето на неговото враќање во Англија во 1864 година, неговото здравје се влошило, а неговите заштеди биле изгубени поради измама. Последните 27 години од својот живот ги поминал во Конисторп, Јоркшир, во близина на местото каде што бил роден. Добил мала пензија од владата и продолжил со своите ботанички студии. Бил погребан во Терингтовиот црковен двор.

Почести кон Спрус Спрус бил почестен со тоа што неколку растителни таксони биле именувани по него:

Sprucea (Dicranaceae), неприфатено, Sprucea (Rubiaceae), синоним за Simira Sprucella (џигерица, Lepidoziaceae) Sprucella (Sapotaceae), синоним за Micropholis Spruceella 1900 ( Rhachitheciaceae), синоним за Zanderia Spruceina 1903 (Lepidoziaceae), неприфатено, Sprucina (Malpighiaceae), синоним за Jubelina Spruceanthus (Lejeuneaceae) Spruceanthus (Flacourtiaceae), синоним за Neosprucea Neosprucea (Salicaceae) Sprucidea (лишаи, Malmideaceae), Thaumatophyllum spruceanum (Araceae), синоними: Philodendron spruceanum (Schott) G.M.Barroso, Philodendron goeldii Monstera spruceana (Araceae)

Тој бил опишан како личен херој на Ричард Еванс Шултес, етноботаничар од 20 век.

Избрани дела

Спрус, Ричард (1841). „Три дена на Јоркширските мочуришта.“ Фитолог (i): 101-104. Спрус, Ричард (1842). „Список на мовови итн., собрани во Варфдејл, Јоркшир.“ Фитолог (i): 197-198. Спрус, Ричард (1842). „Мовови во близина на замокот Хауард“. Фитолог (i): 198. Спрус, Ричард (1844). „Мововите и џигериците на Тисдејл“. Анали на природната историја. 13 (83): 84, Спрус, Ричард (1845). „Список на мовови и џигерици од Јоркшир.“ Фитолог (ii): 147-157. Спрус, Ричард (1845). „За неколку мовови нови во британската флора.“ Хукеров Лондонски журнал за ботаника (iv): 345-347, 535. Спрус, Ричард (1846). „Белешки за ботаниката на Пиринеите“. Трансакции на Ботаничкото друштво од Единбург (iii): 103-216. Спрус, Ричард (1850). „Патувањето на г-дин Спрус до Пара.“ Хукеров журнал за ботаника (li): 344-347. Спрус, Ричард (1850). „Ботаничка екскурзија на Амазон.“ Хукеров журнал за ботаника (li): 65-70. Спрус, Ричард (1850). „Патување по реката Амазон“. Хукеров журнал за ботаника (li): 173-178. Спрус, Ричард (1850). „Дневник за екскурзија од Сантарем, на реката Амазон, до Обидос и Рио Тромбетас.“ Хукеров журнал за ботаника (li). Спрус, Ричард (1908). Белешки од ботаничар за Амазон и Андите, том I-II. Уредено од Алфред Расел Волас. Лондон: Мекмилан. https://dx.doi.org/10.5962/bhl.title.17908 .

Наводи

Категорија:Природознание на Бразил Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Англиски истражувачи Категорија:Починати во 1893 година Категорија:Родени во 1817 година Категорија:Англиски ботаничари