Општина Белоградчик () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Видинската област. Административен центар е градот Белоградчик. Има 5.785 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во југозападниот дел на Видинската област. Со својата површина од 410,665 km2, таа го зазема второто место меѓу 11-те општини во областа, што претставува 13,45% од вкупната територија на областа. Релјефот е планински и ридски, зафаќајќи делови од Западна Стара Планина. Најголема атракција на нејзината територија се познатите Белоградчички Карпи.

Самоуправа Општината се состои од 18 населени места, од кои 1 град и 17 села. Список на населените места:

Белоградчик Бело Поле Боровица Вештица Врба Гранитово Граничак Д’бравка Крачимир Ошане Праужда Пролазница Рабиша Рајановци Салаш Сливовник Стакевци Струиндол Чифлик

Поврзано Област Видин Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Белоградчик

Белоградчик