ФК Минесота Јунајтед е американски професионален фудбалски клуб, со седиште во Сент Пол, Минесота. Моментално се натпреварува во МЛС како член на Западната конференција на лигата. Клубот е основан во 2015 година, а во МЛС лигата влегува во сезоната 2017, како 22-ри клуб во лигата, заменувајќи ја франшизата со исто име од Северноамериканската фудбалска лига (НАСЛ).
Клубот ги играл своите домашни натпревари на стадионот ТЦФ Банк, на кампусот на Универзитетот во Минесота во Минеаполис, во првите две сезони во МЛС. На почетокот на 2019 година, клубот ја завршил изградбата на новиот стадион во Сент Пол, наречен Алијанц Филд. Стадионот има капацитет од 19.400 седечки места.
Боите на клубот се сива, небесно сина и црна и најчесто опремата на клубот е дизајнирана во комбинација од овие бои.
Играчи Моментален состав
Познати поранешни играчи Вито Маноне Тани Олувасеји Дејн Сент Клер Освалдо Алонсо Итан Финли Јан Грегуш Кевин Молино Робин Лод Теему Пуки Јука Раитала
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Минесота Јунајтед Минесота Јунајтед