Јовита Нелиупшиена (мом.: Праневичиуте; родена на 3 јануари 1980 година) — литванска политичарка и поранешен главен советник за надворешна политика на претседателката Далија Грибаускајте, која моментално е амбасадор на Европската унија во САД. Таа била канцелар на Министерството за надворешни работи во 2020 година и заменик министер за економија и иновации од 2020 до 2022 година. Нелиупшиена била и литвански амбасадор во Европската унија од 2015 до 2020 година.

Биографија Јовита Нелиупшиене била родена во Паневежис во Литванија на 3 јануари 1980 година.

Од 1998 до 2004 година студирала на Вилнушкиот универзитет и дипломирала со диплома и магистратура по меѓународни односи и дипломатија. Од 2000 до 2004 година студирала право на Универзитетот „Миколас Ромерис“. Работела во Сејмот, Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Литванија во Белорусија. Од 2006 година предавала на Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Вилнус. Во 2009 година ја одбранила докторската дисертација на тема „Национална самосвест и формирање на државност: искуството на земјите од ЗНД“ и станала вонреден професор.Dėstytojai. JOVITA NELIUPŠIENĖ (TSPMI inf.)

Во 2009 година ја советувала претседателката Грибаускаите и ги координирала прашањата на состаноците на Европскиот совет. Во 2012 година, по заминувањето на Дариус Семашка, станала главен советник на претседателот како раководител на групата за надворешна политика. На 18 август 2015 година, Нелиупшиене станала литвански амбасадор во Европската Унија, и била на оваа позиција до август 2020 година.Šalies vadovė įteikė skiriamuosius raštus ambasadorei prie ES (president.lt inf.)

Од 2015 година, Нелиупшиене била едно од 89-те лица од Европската Унија против кои Русија вовела санкции.

Таа била интервјуирана од Сесилија Вега за сторијата во емисијата „60 минути“ за „мистериозниот руски синдром на смрт“, која била емитувана во ноември 2024 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година