мини|Врша плетена од прачки од с. Таор Врша или кош — рибарска алатка што се користи за фаќање риби, ракови и, поретко, водоземци и мекотели. Употребата на врши потекнува од старо време, што е потврдено од бројни археолошки наоди на вакви направи низ целиот свет.

Вршата се состои од кош во која се става мамката, влезен отвор и јаже со пливка, кое во исто време ја означува положбата на вршата во водата и овозможува нејзино извлекување. Вршите се направени така што животното влегува во кошот низ конусен отвор, кој е подигнат од тлото и е само малку поширок од внатрешната страна на садот од целното животно за кое е наменет. Вршите обично се поставуваат навечер или ноќе.

Во минатото, вршите се изработувале од прачки, но денес тие обично се изработуваат од метална рамка околу која е завиткана метална или јажеста мрежа.

Наводи

Категорија:Риболовна опрема