Долно Христос, Христос или Ристос (, Като Христос) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓа на 7 км северозападно од градот Сер и на 3 км северозападно од Каваклија. Лежи во Серското Поле, недалеку од југозападните падини на планината Шарлија. Низ атарот минува Европскиот пат Е79.

Историја Во Отоманското Царство Во минатото селото се нарекувало Долене и се наоѓало понасевер, на планината Шарлија. До средината на XVIII век било чифлик на манастирот „Св. Јован Претеча“, за кое имало султански ферман. Во 1770 г. чифликот е самоволно присвоен од бегот Возникоглу и неговите наследници. Негов последен стопан бил Сулејман-бег. На местото на денешното село имало друг чифлик.

Во XIX век Христос било чисто македонско село во Серската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Христос (Christos) имало 34 домаќинства сочинети од 98 жители Македонци. В 1878 година поп Иван от Христос е затворен в Сяр, защото въвел българския език в богослужението.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Христосъ имало 240 жители Македонци христијани.

На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Христос (Hristos) имало 200 Македонци егзархисти и во него работело бугарско основно училиште со 1 учител и 13 ученици.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 137 жители, а во 1920 г. нивниот број се накачил на 171 лице. Во 1924 г. властите довеле биле сместени грчки колонисти, од кои повеќето биле сместени на 1 км западно. Таа западна населба почнала да се нарекува Долно Христос, а старата Горно Христос. Во 1928 г. се попишани двете населби заедно (како Христос) со вкупно 450 жители, од кои 285 лица (79 семејства) биле грчки дојденци.

Сè до 1940-тите Горно Христос останало македонско. До 1940 г. кмет на селото бил Тодор Печанов. Таа година броело 370 жители (54 семејства).

Во 1960-тите жителите на Горно Христос почнале да се иселуваат во Долно Христос. Во 1972 тоа веќе имало само 2 житела, а во 1981 г. се води како напуштено. Селаните си ги задржале имотите во старата населба и продолжуваат да ги обработуваат.

Според бугарски извори, со повлекувањето на бугарската војска во 1944 г. сите жители на Горно Христос се иселиле во Бугарија и денес нивните потомци живеат во Петрич, Петричко, Пловдив, Кнежа и други.

Во 1986 г. е изградена црквата „Св. Троица“.

+ Месности во Долно Христос преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Капсида Καψίδα Агона Άγοναниви на Ј од Долно Христос; Вишен Βήσανη Халасмата Χαλάσματαпоранешно село на Шарлија на ИСИ од Долно Христос и на СЗ од Метох Престо Πρέστο Птион Πτύονвозвишение на Шарлија на З од Долно Христос (244 м) Миш дере или Мишки дере Μίσκι Ντερέ Орајон Рема Ώραΐον Ρέμα дол на Ј от Мелникич

Население Горно Христос (Христос)

Долно Христос

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Троица“ од 1986 г.

Наводи

Категорија:Сер (општина)