Спатово (, Кимиси; до 1927 г. Σπάτοβον, Спатовон) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро. Денес е споено со Ерниќој.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX г. Спатово било чисто македонско село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спатово (Spatovo) било село со 185 домаќинства сочинети од 630 Македонци.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото броело 1.350 жители, сите Македонци христијани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
По Илинденското востание во 1904 г. поголем дел од селото прешол под врхвеноството на Бугарската егархија. Во селото сепак продолжиле да работат двете пропаганди — и грчката и бугарската. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Спатово се остоело од 2.000 жители, од кои 1.280 Македонци егзархисти и 720 Македонци патријашристи. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 100 ученици и грчко училиште со 2 учители и 5 ученици. Но според Христо Силјанов, по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешоло под врховенството на Бугарската егзархија.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 1.167 жители. Голем дел од населението било приморано да се исели во Пиринска македонија — претежно во Петрич, Свети Врач и околината. Така, на пописот од 1920 г. Спатово спаднало на 709 жители. Иселувањата продолжиле и во 1920-тите, а власта во селото довела грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Спатово се води како етнички мешано село со вкупно 1.145 жители, од кои 483 лица (120 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот Македонци.
Во 1927 г. селото е преименувано во Кимисис, во превод успение.
Доселувањето на грчки семејства продолжило и понатаму, поради што во 1940 г. селото пораснало на 1.711 жители. Растот продолжил и понатаму, овојпат поради доселување на жители од планинските села, привлечени од плодната земја. Во поновиот период бројот на жители сепак бележи пад поради иселување во градовите.
+ Месности во Спатово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Турлино или Турлин Τουρλίν Мескион Μεσκίονмесност на С од Спатово; Буница Μπουνίτσα Ксиногало Ξινόγαλοмесност на СИ од Спатово
Население
Личности Давко Спатовали — револуционер, четник на Коста Мухчината, брат на Илија Спатовали Димитар Мазнејков (1926 – 2011) — стопански деец во Бугарија, агроном Дине Спатовали, — револуционер, фатен во 1897 г. и во 1904 г. сè уште бил во Серскиот затвор Илија Спатовали — револуционер, брат на Давко Спатовали, четник на Коста Мухчината Лазар Гајдаров — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г. Тома Џанкушев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г. Христо Лазаров — револуционер , деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г.
Наводи
Категорија:Спатово (Серско)