Влада на Република Казахстан (, Qazaqstan Respublikasynyñ Ükımetı) — колегијално тело кое ја врши извршната власт во Република Казахстан; владата го раководи системот на извршни органи и ги насочува нивните активности. Владата ја формира претседателот на Казахстан на начин пропишан со уставот. Актуелниот кабинет е предводен од Ољас Бектенов, кој положил заклетва како премиер на 6 февруари 2024 година. Владината куќа се наоѓа на левиот брег во близина на Акорда во Домот на министерствата на авенијата Мангилик ел 8 во Астана. Должината на зградата е околу 1,5 км. Се состои од 20 блока и има скалеста форма - од 8 до 10 ката. Вкупната површина на објектот е 228 илјади квадратни метри. Надворешните ѕидови се од монолитен армиран бетон, а завршната обработка е керамички гранит.

Историја За време на постоењето на Советскиот Сојуз, чиј составна република бил Казахстан, извршната власт на Казахстанската Советска Социјалистичка Република била Советот на министри на Казахстанската ССР. На 30 август 1995 година, била одржан референдум за усвојување на нов Устав на земјата. Новиот основен закон на земјата ги постави темелите за создавање државни органи на независен Казахстан. Така, по референдумот, со цел да се обезбеди спроведување на нормите на Уставот и активностите на новите државни органи, биле донесени голем број уставни закони со кои се регулираат нивните овластувања и функции. На пример, Уставниот закон „За избори во Република Казахстан“, Уставниот закон „За претседателот на Република Казахстан“, Уставниот закон „За Парламентот на Република Казахстан и статусот на неговите пратеници“, вклучувајќи го и Уставниот закон „За Владата на Република Казахстан“, кој била усвоен на 18 декември 1995 година. На 21 февруари, претседателот на Казахстан ја распушти владата.

На 5 јануари 2022 година, среде протести, претседателот на Казахстан Касим-Џомарт Токаев ја распуштил владата на Аскар Мамин, а Алихан Асканович Смаилов бил назначен за вршител на должноста премиер.

На 5 февруари 2024 година, претседателот на Казахстан Касим-Џомарт Токаев ја прифатил оставката на владата предводена од Алихан Смаилов. На 6 февруари бил формиран нов кабинет на министри под претседателство на Ољас Бектенов.

Овластувања и одговорности Владата на Република Казахстан ги извршува следниве функции:

Ги развива главните насоки на социо-економската политика на државата, нејзината одбранбена способност, безбедноста, јавниот ред и го организира нивното спроведување; Го развива и го доставува до Парламентот републиканскиот буџет и извештај за неговото извршување, го обезбедува извршувањето на буџетот; Ги поднесува нацрт-законите до Маџилисот и го обезбедува извршувањето на законите; Го организира управувањето со државниот имот; Ги развива мерките за спроведување на надворешната политика на Републиката; Управува со активностите на министерствата, државните комитети, другите централни и локални извршни органи; Ги откажува или суспендира целосно или делумно актите на министерствата, државните комитети, другите централни и локални извршни органи на Републиката; Ги именува на функција и ги разрешува од функција раководителите на централните извршни органи кои не се дел од Владата; Именува четири члена на Комисијата за сметки за контрола на извршувањето на републичкиот буџет за петгодишен мандат; Врши други функции што ѝ се доверени со Уставот, законите и актите на претседателот.

Структура Владата го предводи системот на извршни органи на власта и управува со нивните активности. Владата е колегијално тело формирано од претседателот на Казахстан и се состои од премиерот, неговите заменици, министри и други функционери на Републиката. Шефот на владата - премиерот го назначува претседателот на Казахстан со согласност на Маџилисите на Парламентот (долниот дом). Министрите се назначуваат од страна на претседателот, со согласност на надлежната комисија на Парламентот на Републиката.

Структурата на владата ја формираат министерствата и другите централни извршни тела на републиката. Вторите вклучуваат централни извршни тела на власта кои не се дел од Владата. Така, ако составот на Владата го формираат службеници кои раководат со надлежните извршни тела, тогаш структурата на владата ја формираат државните тела. Владата во сите свои активности е одговорна пред претседателот на Казахстан, а во некои случаи и пред Парламентот.

Предлозите за структурата и составот на Владата му ги доставува на претседателот премиерот во рок од 10 дена по неговото назначување.

Состаноците на Владата се одржуваат најмалку еднаш месечно и ги свикува премиерот или претседателот на Републиката.

Премиер Премиерот, кој служи по желба на претседателот, претседава со Советот на министри и е шеф на владата на Казахстан. Во владата има три вицепремиери и 17 министри. Најновиот премиер на Казахстан е Ољас Бектенов.

Агенции и комитети Казахстанскиот национален комитет за безбедност (НКБ) бил основан на 13 јуни 1992 година. Тој ги вклучува Службата за внатрешна безбедност, военото контраразузнавање, граничната стража, неколку единици командоси и надворешното разузнавање (Барлау). Второспоменатото од многумина се смета за најважен дел од НКБ. Комитетот за казнено-поправна служба е дел од Министерството за внатрешни работи.

Наводи

Надворешни врски

Government of Kazakhstan (English) U.S. Relations With Kazakhstan at the US Department of State

Категорија:Управување со Казахстан